На 23.09.2019, тинејџерката, активист за животна средина од Шведска, Грета Тунберг се најде во центарот на светското внимание. Таа во своето обраќање до светските лидери во седиштето на ОН во Њујорк ги предупреди и повика да делуваат и да предупредуваат за последиците со кои ќе се соочат идните генерации млади луѓе, поради пасивниот одговор на досегашното глобално лидерство за климатските прашања. Ова предизвика лавина од реакции од јавноста, насекаде во светот. Таа со својот говор се најде на
мета од критики.И
Руските државни медиуми се надоврзаа на
критичкиот осврт кон Грета. Дел од руските медиуми
Грета ја искористија за да укажат на трендот на злоупотреба на децата активисти во светот.
Риа Новости престави дека новиот светски мировен лидер ветува катастрофа за Русија, а
РТ ја обвини дека сее страв. „
Бомбата Грета, аутистично девојче како оружје“ е еден од насловите на руските медиуми.Германската верзија на
Спутник ја претстави како политичко самоубиство. Во текстот се наведува дека Европскиот парламент ја користи Грета со цел да ја покрие наводната сомнителна организација, која е предводена за да го сокрие НАТО.Овој наратив против НАТО и Европскиот парламент беше засилен и со агендата „Западот против Русија’, преку:
РИА Новости,
kp.ru ,
Телеканал Звезда,
Руски дијалог,
Весникот Кавказ,
Аргументи и факти и
РТ.Рускиот национален сервис за превод до 30.09.2019 објави
6 преводи кои се однесуваат на Грета. Написите се проследени со агресивни коментари против лицата со аутизам.Наративот против Грета вклучува се’, па дури и шпекулации дека нејзините родители во Шведска биле обвинети од социјалните служби за детска злоупотреба. И ова обвинување е само дел од наративот на
Кремљ против глобалното загревање, откри
ЕУВСДИСИНФО.Ни
Сорос не е исклучен од наративот на руските медиуми во известувањата за „бедната“ Грета Тунберг.
Зошто Кремљ се плаши од ГретаМедиумите на Кремљ во Грета и незјиниот активизам, пронајдоа силен заговор. Во неа тие препознаа моќна политичка алатка против Русија и Кина. Оваа теорија на заговор е поткрепена со
дезинформациите дека глобалното затоплување е измама на
Западот против Русија.Русија и претходно претставуваше дека
носи огромен товар како резултат на Парискиот договор. Повторно „Западот против Русија“ е во наративот за климатските промени. Тука е вклучена и
Грета како алатка на климатската мафија за намалување на животниот стандард.
Глобалното затоплување е глобален заговор против Русија, насочува Кремљ.Во суштина
постоењето на климатски промени е прашање на научен консензус, а само мал дел научници го оспоруваат. Земјата се затоплува, а ефектите се’ почесто се забележуваат денес. Превенцијата од климатските промени е еден од
клучните приоритети на ЕУ.Затоа Грета стана предизвик. Таа не ги почитува стереотипите за едно
шестнаесетгодишно девојче. Грета стана мета, затоа што таа е лицето на светското масовно движење, а медиумите на Кремљ не може да го прифатат. Таа брзо предизвикува реакции и може да поттикне на силни протести. Ако Кремљ го прифати ова, постои опасност руските граѓани да разберат зошто им било одземено
правото на мирен протест воден од жена.Затоа медиумите на Кремљ ја преставуваат како
болно девојче кое е глупаво колку што е и наивно. Со овој наратив се обидуваат да го контролираат нејзиниот ефект во јавноста.Тие не се единствените во неспокојот кој го предизвика шведската млада активистка. Но, за разлика од останатите кои
негодуваа, медиумите на Кремљ силно се посветени во изнаоѓањето на голем заговор против Грета и нејзиниот активизам. Таа од нив е преставена
како глобална, популарна, еко фашистичка алатка против
Русија и Кина, креирана од
зелените енергетски гиганти да биде нивната уста пред јавноста, додека во исто време е
жртва на детска злоупотреба. И македонските медиуми го следат наративот за Грета: од глобален климатски лидер до манипулирано детеПораката на Грета Турнберг, но и дилемите за нејзината способност од аспект на фактот дека е дете, се појавија во македонските медиуми. И во земјава таа стана мета за бурни реакции, како од македонските медиуми, така и од јавни личности.Анализите на F
2N
2 покажуваат дека не постои единственост во поглед на преставувањето на нејзината слика низ медиумите. Од воодушевување за нејзиниот говор, до оспорување на нејзините способности како дете кое е изманипулирано-ова се наративите кои се појавуваат.Од една страна се медиумите кои го пренесуваат нејзиниот говор, истакнувајќи ја емоционалната моќ и силната општествена порака на нејзиниот говор, која треба да го допре светот глобално:
„ Младата активистка Грета Тунберг до светските лидери: “
Ако нè изневерите, мојата генерација никогаш нема да ви прости“ е најчестиот наратив кој го следеа поголем дел од медиумите
: МИА, Телма, Радио МОФ, Слободен печат, Плусинфо, Кајгана, Вечер прес, Лидер, Независен и други медиуми.За ефектот Грета пишува и Оффнет
. Според нивната анализа, таа го поттикнала апетитот на младите за промена, но ги освестила и уредниците да посветат поголемо внимание на климата како тема.Ова не беше единствениот наратив за Грета низ македонските медиуми. Дел од нив внимателно ги следеа и пренесуваа навредите за Грета. Па така
Република го пренесе ставот на „ „Фокс њуз”: Тунберг е ментално болно шведско дете, лик од хорор филм.
Русија Бејонд го пренесе ставот на рускиот претседател Путин, кој не го дели воодушевувањето на светот за Грета.„
Според мислењето на Путин, никој не ѝ објаснил на Грета дека „современиот свет е сложен и разновиден, дека брзо се развива и дека луѓето во Африка или во многу азиски земји сакаат да живеат на истото ниво на благосостојба како што се живее во Шведска“.„А како да се постигне тоа? Треба да се натераат денес да ја користат енергијата на Сонцето, која во Африка ја има доволно. Дали некој ѝ објаснил колку чини тоа?“, се прашува рускиот претседател. Тој додаде дека треба да се поддржат идеите за развој на обновливи извори на енергија, но притоа треба да се тргне од реалните факти.“- пренесе Russia Beyond преку својата поддржуница во земјава, повикувајќи се на говор на Путин. Ставот на Путин за Грета, го пренесе и
Нова Македонија:
„Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека не го дели ентузијазмот во врска со говорот на шведската активистка за зачувување на животната средина Грета Тунберг во Обединетите нации. Тој го осудил, како што рекол, искористувањето на деца и тинејџери за остварување на туѓи интереси.“-пишува Нова Македонија.Колумнистка на
Лидер, Грета ја преставува како дете кое е инструментализирано
: „Грета е симбол, но не на борба против климатски промени, таа е симбол на моќта на медиумите и машинериите што Грета ја видоа како свој проект за висока заработувачка на пари.“Курир пренесува како изгледа Грета, без „однапред подготвен говор“:
Грета е проект на големите сили и дека самата не би имала капацитет да го изнесе теретот на глобалната промоција на своите идеи.И Американскиот Претседател Трамп не остана имун на Грета Тунберг, тој преку твитер во обид да биде духовит предизвика остри реакции на многу медиуми. Така на пример, неговиот твит во врска со Грета:
“Таа изгледа како многу среќна млада девојка која и се радува на блескавата и прекрасна иднина. Толку убаво за гледање!„ предизвика сериозни и остри реакции од медиуми како на пример
VOX,
Forbes,
Independent,
Huffpost и многу други. Заедничкиот заклучок за овој според нив крајно навредлив и саркастичен твит е дека претседателот на САД ги преминал границите кога станува збор за девојче кое се залага за општествено добро.Со оглед на погоре изнесеното, преовладува впечатокот дека иако, постојат исклучоци, сепак, големите светски играчи, изгледаат сеуште неподготвени суштински и посветено да се соочат со можеби најголемиот непријател на планетата и човештвото.