ОПИС

На 30 јануари, хрватскиот претседател Милановиќ одржа прес-конференција по повод испраќањето хрватски војници за зајакнување на присуството на НАТО во Литванија. На својата прес-конференција тој ја коментираше ситуацијата во Украина, нагласувајќи дека Русија била испровоцирана во периодот 2014-2022 година со цел да се поттикне актуелната војна. Тој рече дека Русија не можела да биде поразена во конвенционална војна, а дури и да била поразена, тоа би значело почеток на нуклеарна војна. Тој заклучи дека она што Западот ѝ го правел на Русија било „длабоко неморално“. Во друга изјава од неговата прес-конференција, тој се осврна на прашањето за Косово, велејќи дека тоа било анектирано и земено од Србија и го спореди овој случај со анексијата на Крим, велејќи дека "Крим никогаш повеќе нема да биде украински".

ФАКТ/И

Изјавите на Милановиќ за украинската војна, а особено тврдењето дека Русија не може да биде поразена во конвенционална војна, па дури и да биде поразена, тоа би значело почеток на нуклеарна војна, се исто како и оние на руските функционери. На пример, токму тоа го кажа заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Медведев две недели претходно, па изјавата на Милановиќ само ги промовира руските нуклеарни закани. Веќе извесен период тој дава изјави кои ги поддржуваат руските наративи, а заедно со српскиот претседател Вучиќ е еден од најактивните државни функционери на регионално ниво кој ги промовира повеќето руски наративи за војната. Фактот дека Лавров се согласи со неговата изјава кажува многу. Што се однесува до тврдењето дека Русија била испровоцирана, тоа е дисторзија, бидејќи токму Русија го започна конфликтот во 2014 година со илегална анексија на Крим, а сега само го влоши со целосната инвазија во 2022 година. Секој обид за искривување на овој факт значи застанување на страната на агресорот и предизвикува вознемиреност во мултиетничкиот регион. Дополнително, иронијата е што изјавата е дадена по повод испраќањето хрватски војници да го засилат присуството на НАТО во Литванија, токму како одговор на руската агресија над Украина.

Другата изјава од прес-конференцијата на Милановиќ, каде што тој ги споредува случаите на Косово и Крим е уште еден пример во кој тој промовира руски наративи. Од почетокот на војната, руските власти ги промовираа наративите Крим е руски и Случајот на Донбас е ист со оној на Косово, а изјавите на Милановиќ се целосно во согласност со овие наративи. Очекувано, шефот на српската дипломатија Дачиќ ја поздрави изјавата на Милановиќ.

Изјавите на Милановиќ беа предмет на 28 статии од 26 портали, објавени 58 пати на 51 фејсбук-страница/група со 3.654.067 следбеници и 1.107 интеракции.

Author Image

Content admin

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.