Западниот либерализам е неприфатлив за Русија. Кремљ внимателно бележи се’ што може да биде употребено во одлично режираната пропаганда против либерализмот.Најсвежиот пример која ја загреа реториката на вмрежените медиуми на Кремљ е интервјуто на шведски професор. Од ова интервју започна лажната приказна дека професорот застапува канибализам како решение за климатските промени.Интервјуто на шведскиот научник Магнус Шедерлунд, кој ги проучува навиките на луѓето е објавено на шведскиот телевизиски канал ТВ4 за време на саем во Стокхолм во врска со „храната на иднината“. Ова интервју е емитувано на 3-ти септември. Во прилог дел од интервјуто:Водител: Но, вие не го гледате ова како нешто што ќе ... Не е како инсектите, кои што станаа прилично популарна ... Многу се зборува за тоа; познати готвачи зборуваат за тоа, посочувајќи дека ова е нешто што е добро за климата? Не го гледате ли истото тоа кога станува збор за јадење луѓе?Садерлунд: Не, тоа е тешко. И кога станува збор за инсекти, не е толку популарно како што може да се очекува, барем не во западниот свет, дури иако има многу врева околу тоа. Сепак, околу две милијарди луѓе редовно јадат инсекти, но тие не се во западниот свет. Извршени се неколку студии за да се утврди ставот на луѓето кон инсектите како храна, но очигледно е дека многу малку луѓе сметаат дека е возбудливо. И човечкото месо би имало уште повисок праг на гадење.Водител: Претпоставувам дека мора да бидеме благодарни…Садерлунд: Но, ако станува збор за ситуација во која навистина мора да направиме се што е можно во врска со различните теми од климата и одржливоста, важно е да се постави ова прашање.Извор е ЕУ вс ДисинфоТокму ова интервју се искористува за ширење манипулирачки факти, кои потоа се користат како пропагандна алатка. Лажните факти користени како изјава на професорот од ова интервју се повторуваат многу често, па многумина веруваат дека станува збор за вистина.Магнус Шедерлунд не предложил или застапувал канибализам како решение за климатските промени, за време на интервјуто на 3 септември на шведскиот телевизиски канал ТВ4. Наместо тоа, тој објаснил дека неговото истражување за ова прашање имало цел да предизвика размислување кај публиката, а потоа да се измерат црвените линии на луѓето во нивната подготвеност да консумираат разни видови на месо.Само ден по емитувано интервју, на 4-ти септември, американското Епох Тајмс има статија за канибализмот како решение за климатските промени. Во статијата се наведува дека шведски научник се залага за човечко месо во бобрата против недостигот на храна при климатските промени. Авторката на текстот се повикува на интервјуто на шведската ТВ4. Изнесеното тврдење, сепак нема поврзаност со искажаното на професорот. Написот на Епох Тајмс поттикна неколку други натписи и статии меѓу кои и таа на Фокс Њуз.На 5 септември, Спутник објави статија во која се повикува на изјавата на професорот за канибилизмот како решение за климатските промени.На 6 септември се вклучуваат социјалните мрежи, Брејтбарт Њуз твитнува на оваа тема. Освен твитот, статијата ја има и на нивниот веб сајт.Сите овие објави го претставија Шердерлунд како застапник на тезата за канибализам како решение за климатските промени. Но, во реалноста, тоа едноставно не е точно.Ејмс Савиџ, извршен директор и издавач на „Локал“, мрежа на веб-страници за вести на англиски јазик во Европа со седиште во Стокхолм, го обезбеди преводот на најрелевантните делови од интервјуто за ТВ4, додавајќи дека не би било точно да се каже Шердерлунд „Се залага“ за канибализам во неговите забелешки.Според проверувачот на факти, еве го одговорот кој професорот им го испратил на мејл на нивните прашања во врска со објавите дека тој се залага за канибализам како решение за климатските промени:Објавата на Спутник пак е искористена за сценарито на Кремљ. Руските медиуми ја започнуваат својата пропагандистичка реторика. На 10 септември се објавуваат “Swedish Scientist Suggests Cannibalism to Fight Global Warming”; “‘I Would at Least Like to Try’: Swedish Scientist Calls for Eating Dead People” . На 11 септември е објавен “Calls in Europe to Violate the Prime Moral Taboo” . Започнува наративот дека моралното распаѓање на западот почнува токму со научникот од Шведска. Рускиот Инсајдер изготви цела анализа на приказната.Клучниот напад на пропагандата на Кремљ е заокружен во телевизиското шоу на нивниот главен протагонист Димитри Киселинов. Тој нагласува: „Концептот за „грев“ е поништен во либерализмот. Пороците се претворија во доблест. Сега ни служат: парче нос или уво, крцкаво на жар... И додека уживаме во сето ова, го решаваме прашањето за обезбедување одржливи извори на храна за човештвото и ја спасуваме планетата од глобалното затоплување. Бидете свесни, јадете се едни со други! Да бидеме сериозни: стигнавме до крајот на редот. Под знамето на напредок, тие нам ни предлагаат да се деградираме во дивјаци.“Дезинфорамативниот наратив интензивно се гради со цел да предизвика емотивна експлозија против либерализмот.Вистината е дека професорот Шедерлудн не го застапувал или предлагал канибализмот како решение за климатските промени во телевизиското интервју на шведската ТВ4. Во суштина, тој само разговарал за тоа, појаснувајќи дека неговото истражување вклучува поставување на прашање за тоа. Тој лично ги отфрлил тврдењата дека се залагал или предложил канибализам, укажувајќи дека само го оценувал одговорот на публиката на теоретската перспектива за јадење човечко месо.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО