Оригинален наслов: ВО ЧАИР НЕМА НАБЉУДУВАЧИ: До сега нема забележано набљудувачи од ОБСЕ и невладините
Написот, не подолг од насловот, тврди дека до редакцијата на Инфомакс стигнале информации дека на избирачките места во Чаир немало претставници на меѓународните набљудувачки мисии.
Текстот во должина од само неколку реда нема автор, нема докази, ниту идентитет на претставникот на политичката партија, па дури не пишува ниту за која политичка партија се работи. Тврди дека до редакцијата имало јавување дека на избирачките места во Чаир нема меѓународни претставници, што воопшто не е точно. Тимот на F2N2 ќе наброи само неколку аргументи за тоа:
Меѓународните претставници ги обиколуваат избирачките места, односно не остануваат цел ден на избирачките места.
Ваква пријава нема на ниту еден од телефоните кои беа на располагање на денот на изборите да се пријават изборни нерегуланости дали до домашните дали до странските набљудувачки мисии. Ниту пак до народниот правобранител.
Домашните набљудувачи работат според методологија која претставува покриеност на избирачките места согласно примерок, а Чаир како една од поголемите општини имала значителен број на избирачки места во тој примерок.
Дури и да не биле меѓународните претставници на тоа избирачко место, тоа не претставува пречка за изборниот ден. На избирачките места има претставници на партиите, избирачки одбори кои би реагирале ако постојат било какви неправилности.
Зошто партијата анонимно би доставувала на овој медиум, а не сама да соопшти на прес конференција?
Според тоа, ова е лажна вест.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО