Социјалните платформи  Фејсбук, Viber и WhatsApp деновиве беа преплавени со дезинформација во која УНИЦЕФ беше наведен како извор. Дезинформацијата се споделуваше масовно. Манипулацијата се најде и на некои портали кои имаат бројни следбеници: Порта.мк, Семесинапово.imageУНИЦЕФ апелираше дека е манипулација, укажувајќи дека станува збор за дезинформација која е спротивна на советите на здравствените експерти. Во своето известување од УНИЦЕФ нагласуваат дека сите информации кои ги пласираат се достапни на следниот линк. За да се избегне ширењето на манипулации,  од УНИЦЕФ МК укажуваат дека информациите за COVID-19 најдобро е да ги добивате од доверливи извори, на пример Министерството за здравствоИнститут за јавно здравје, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација.„Ширењето дезинформации во време на здравствена криза прави луѓето да бидат незаштитени и поподложни на болеста, а дополнително шири параноја, страв и стигматизација.“- стои во нивната реакција. imageПроверувачот на факти  factcheck.afp.com на 10.03.2020 веќе пишуваше за оваа дезинформација. И британскиот јавен сервис  на 08.03.2020 исто така пишуваше за оваа дезинформација како дел од манипулативните наративи за COVID-19.Министерството за здравство апелира граѓаните сите информации да ги бараат на нивната страна која е достапна и постојано се надополнува со сите детали поврзани со COVID-19 (корона вирус).Секој кој шири невистини за COVID-19, би можел да добие кривична пријава за ширење лажни вести по основ на Кривичникот законик на Република Северна Македонија, со што следува и сериозна кривична одговорност.Ја потсетуваме јавноста да биде претпазлива и внимателна во изворот за читање, но и да биде одговорна и да проверува, пред да споделува дезинформации преку социјалните мрежи.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.