Луѓето можеби мислат дека сега кога е мртов поранешниот водач на ИСИС Абу Бакр Ал Багдади, работите ќе се оладат и дека според зборовите на Трамп кој ја објави смртта на Багдади; „Светот сега е побезбеден“, но се чини дека експертите за борба против тероризмот не ги делат истите ставови. Според „Њујорк Тајмс“ групата го прекина молкот во четвртокот за да ја потврди нивната смрт, да објави нов водач и да ја предупреди Америка: „Немој да бидеш среќна“. Во аудио записот поставен на апликацијата Телеграм, Исламската држава жали за загубата на г-дин Ал-Багдади, кој ја водеше организацијата скоро една деценија, и нејзиниот портпарол, Абу Хасан Ал-Мухаџир, кој беше убиен ден по г-дин Ал-Багдади и кој нашироко се сметаше за потенцијален наследник. Во соопштението на Исламската држава се вели дека г-дин Ал-Багдади го наследил водачот Абу Ибрахим Ал-Хасеми Ал-Курјаши, кого го идентификувал како „емир на верниците“ и „калиф“.“Никој - навистина никој надвор од еден многу тесен круг во рамките на ИСИС - немаат поим кој е нивниот нов водач 'Абу Ибрахим Ал-Хашими Ал-Курјаши“, рече Пол Круикшанк, уредник на СТЦ Сентинел во Центарот за борба против тероризмот, во твитот во четвртокот. „Групата сè уште нема објавено никакви значајни биографски детали кои можат да им овозможат на аналитичарите да го посочат неговиот идентитет“. Човекот познат по военото име Абу Ибрахим Ал-Хашими Ал-Курајши го презема калифатот во пепел. ИСИЛ е истеран од Мосул и секој друг град што некогаш го контролирал. Територија која некогаш била со големина на Велика Британија е намалена на неколку џебови во пустините на источна Сирија. Самиот Абу Ибрахим се крие заедно со остатокот од раководството на ИСИЛ. Неговото издигнување до позицијата калиф беше најавено во седум и пол минутна аудио лента, наместо во говор во една од најпознатите исламски џамии. Западните разузнавачки службеници се обидуваат да го склопат идентитетот на новиот водач, но засега скоро ништо не се знае за него. Неговото издигнување беше одобрено од шура-советот на ИСИЛ, консултативно тело на високи личности и во изјавата се споменува дека Багдади оставил „тестамент“ со упатства за по неговата смрт.Експертите од областа на контра тероризмот сметаат дека новиот шеф нема да се открива себеси во видеата, тој може засега да задржи низок профил, најмногу затоа што тој сега е најбараниот човек. Именувањето на Ал-Курајши на крајот на неговото име укажува на тоа дека тој е прикажан како потомок на племето Курајш од пророкот Мухамед, лоза на родот, за кој Исламска држава смета дека е предуслов за да се стане калиф, или владетел на муслиманска теократија. Неговата употреба укажува на тоа дека Исламската држава, позната и како ИСИС, ИСИЛ и Даеш, продолжува да се гледа себеси како калифат - дури и ако тоа не може да се докаже. „Тоа покажува дека додека светот е подготвен да ја објави Исламската држава како мртва и завршена, основното раководство на групата продолжува да верува дека може да делува онака како што има делувано во минатото“, рече Колин П. Кларк, постар соработник во Центарот Суфан , истражувачка организација во Њујорк.Само времето ќе покаже кој е „вистинскиот“ водач и како планира да го води ослабеното заблудено стадо. Но, едно е сигурно, групата не треба да се потценува. Мерал Мусли Тајроска – Психолог, Експерт за насилен екстремизам и радикализам, активист за родова еднаквост.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.