Првиот профил кој твитна линк до овој VK-профил на Твитер беше Ljupco Palevski:
Кога Ljupco Palevski го твитна ова – во 15:04 часот, тој наведе дека се работи за ексклузивна содржина. Линкот беше директно споделен од VK.Првиот фејсбук-профил во Северна Македонија кој постираше линк до овој VK-профил беше ТретаПолитика, во 15:38 часот.Еден од овие четири прислушувани разговор бил емитуван на јавен настан во Прилеп, на 4-ти април оваа година. Три лица биле повикани во полициска станица под основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено прислушување и аудио снимање“ што е казниво по член 151, став 2 од Кривичниот законик.Ова само го потврдува фактот дека ТретаПолитика се првите кои ги пренесле разговорите, за што првично напишаа на Фејсбук. Љупчо Палевски исто така е пријател на Фејсбук со профил со името “Илија Громовник”.Како и VK-профилот – и овој Илија Громовник тврди дека е лоциран во Скопје.Овој профил најверојатно за првпат бил активен во август 2018 – и оттогаш постирал материјал, вклучувајќи анти-НАТО пропаганда.„Лајковите“ на овој фејсбук-профил вклучуваат сличен материјал, а меѓу нив е и фејсбук-страницата на партијата ТретаПолитика.Илија Громовник исто така „лајкувал“ фотографии од Палевски на Фејсбук.VK-профилот, кој може да е различен од фејсбук-профилот, најверојатно има и канал на Јутјуб, креиран на 16 април. Неколку аудио записи од разговорите беа објавени таму, и факт е дека се објавени шест аудио записи, а не четири, како што претходно беше објавено. Сепак, другите два аудио записи не беа споделени на VK-профилот на Ilija Gromovnik.ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО