Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Еден од најчестите начини на манипулирање со мислењето на јавноста е преку создавање на паника и страв. Тоа се случи со наводното излевање на токсични хемикалии од фабриката на „Охис“ на 08.11.2019.Порталот „Досие“ објави текст за наводно, многу опасна состојба во Охис  која што е опасна по животот на граѓаните од Скопје. Порталот изнесуваше застрашувачки факти за наводно излевање на хемикалии кои што создаваат слепило кај граѓаните. Имаше и инфомации од типот дека граѓаните од околината почнувале да чувствуваат тегобии. Постои и дел каде што се вели дека две лица од фабриката се изнесени со Брза Помош.Порталот „Доказ“ пишуваше дека  хемикалијата течела неконтролирано, но и навела дека институциите не се расположени да дадат објаснување и да ги предупредат граѓаните, иако се работи токсична материја која може да предизвика и смрт.Порталот „Инфомакс“ ги обвинуваше властите дека кријат, дека веќе три дена се справуваат со хаваријата и дека не ги евакуирале граѓаните.Сличен текст објавил и „Курир“. Се крева паника дека токсичната хемикалија која што наводно се излејала, може да предизвика и смрт.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Овие текстови се спинувачки, бидејќи надлежните институции веднаш излегоа со информација дека нема опасност за животот и здравјето на граѓаните од излевањето на водата со која што се чистеле токсични материи. Се излеала водата, а не токсичните материи.„Истечена е вода од цистерна во која бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната, фирмата имала обврска истата да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот и за тоа се почувствувала непријатна миризба во околината„  се вели во соопштението на Министерството за животна средина.Истотака, министерството за животна средина објави веднаш дека инспекторите отишле на лице место по дојавата на жителите за непријатна миризба. Дојавата била на почеток на вчерашниот ден, а не „веќе три дена“ како што објавил „Инфомакс“.Во петокот граѓаните пријавиле во полиција дека чувствуваат непријатна миризба, и институциите реагирале веднаш.Министерот за животна средина Јани Макрадули во 17:43 веќе објавил на својот профил на Фејсбук соопштение од министерството за инцидентот.imageСепак, порталот „Инфомакс“ во 18:15 напишал дека институциите молчат, што е манипулација со јавното мислење.imageИнституциите не дадоа никаква информација за наводно влошување на здравствената состојба на некој од присутните во Охис како што пишуваше порталот „Досие“, а и не се потврди ни информацијата дека токсичната материja која што се чистела може да предизвика смрт, како што пишуваа „Курир“, „Доказ“ и неколку други.Напомена, улогата на медиумите е да информираат, а не да дезинформираат.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.