Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: ПРОТЕЧЕ ОФИЦИЈАЛЕН ГЕРМАНСКИ ИЗВЕШТАЈ КОЈ ЈА ПРОГЛАСУВА КОРОНАТА ЗА ,,ГЛОБАЛЕН ЛАЖЕН АЛАРМ“ На 08.06.2020 порталот  Слободен Свет објави текст со наслов „ПРОТЕЧЕ ОФИЦИЈАЛЕН ГЕРМАНСКИ ИЗВЕШТАЈ КОЈ ЈА ПРОГЛАСУВА КОРОНАТА ЗА ,, ГЛОБАЛЕН ЛАЖЕН АЛАРМ“, во кој изнесува манипулативно тврдење за КОВИД-19. Во текстот се наведува дека извештај, кој наводно бил подготвен од научна комисија назначена од Министерството за внатрешни работи на Германија, ja прогласува пандемијата со КОВИД-19 за „глобален лажен аларм“, а кој бил откриен од поранешен вработен во ова министерство.Линк до оригиналната статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Објавениот текст е  манипулација, во која се вметнати и лажни тврдења.Во текстот се наведува дека федералната влада на Германија и мејнстрим медиумите се ангажираат во контрола на штетите предизвикани по извештајот што го негира утврдениот наратив за коронавирусот протечен од Министерството за внатрешни работи.“Документот кој е искористен со цел да се наведе јавноста на погрешен впечаток, не е објавен од Министерството за внатрешни работи на Германија. Во неговата подготовка не учествувала научна комисија од наведеното министерство, ниту пак било која друга единица од посоченото министерство. Документот е лично мислење на лице кое било вработено во министерството, заедно со неколку независни научници. Тие заедно, јавно го дистрибуирале документот без овластување од Министерството.Пласираната теза во овој текст е манипулативна. Пандемијата со КОВИД-19 се’уште влијае глобално врз луѓето ширум светот. Целосна анализа која во себе ќе ги инкорпорира и здравствените и економските влијанија, веројатно ќе бара многу подолг временски период и помасовно собирање на податоци кои ќе треба детално да се анализираат.Германската влада не се согласува со проценките кои се дел од оваа лична анализа.Објавениот текст кој го анализираме, нецелосно презентира документ кој првично бил објавен на 09.05.2020 на веб порталот Tichys Einblick и во него стои тврдење дека документот протекол од  германското Министерство за внатрешни работи. Документот тврди дека „кризата со КОВИД 19 е лажен аларм“.Авторот на овој документ е Стефан Кон, политиколог, кој бил вработен во германското Министерство за внатрешни работи во одделот КМ-4 за заштита на критични инфраструктури. Но, овој извештај не е побаран од Министерството за внатрешни работи.На 10-ти мај германското Министерство за внатрешни работи во соопштение за печат појаснува дека вработениот го објавил своето „приватно мислење за управување со кризата со коронавирусот “ и дека „целото истражување се спроведувало без делегирани овластувања и одговорности“.Три дена по пласираното соопштение за медиуми, федералниот министер за внатрешни работи, Хорст Сехофер, на прес-конференција за мерките за контрола на границата воведени во текот на пандемијата со КОВИД-19, изјавил дека вработениот ги злоупотребил државните ресурси за да го рашири својот став, поради што е суспендиран и се соочува со дисциплинска постапка.Во текстот кој е предмет на наша анализа се наведува дека наводно „ извештајот од 93 страници со наслов „Анализа на управување со кризи“ е подготвен од научна комисија, назначена од Министерството за внатрешни работи, а составена од надворешни медицински експерти од повеќе германски универзитети.Извештајот беше иницијатива на одделот за внатрешни работи, наречена Единица КМ4 одговорна за „Заштита на критични инфраструктури“.Ова е, местото, каде што германскиот официјален преставник претворен во свиркач, Стефан Кон, работеше, и од каде што тој им ги достави податоците на медиумите.Авторите на извештајот издадоа заедничко соопштение за печатот веќе на 11-ти Мај, во кое се залагаат владата да ги игнорира стручните совети и побараа министерот за внатрешни работи официјално да ја коментира заедничката изјава на експертите“.Тоа што јавноста треба да го знае е дека никој од соработниците кој учествувал во ова истражување не бил назначен од германското МВР како што се наведува во статијата, ниту нивното мислење се користи како стручно и советодавно во Министерството. Освен ова, комисијата која го работела извештајот, не вклучува вирулози или епидемиолози, чија стручност би била издржана при ваква анализа. Презентираното во документот е манипулативно, наместо научно поткрепено со факти.Прецизна проценка за смртноста како резултат на КОВИД-19 сигурно ќе бара дополнително време и понатамошни студии. Актуелните податоци на европската мрежа за мониторинг на морталитет „ЕуроМОМО“ укажуваат дека пандемијата предизвикала околу 170.000 смртни случаи кај 24 европски земји, кои се јавуваат како партнери. Не е погодена само Европа од КОВИД -19.  САД евидентираат огромна бојка на починати за реме на пандемискиот пик. Најпогодени, според податоците се првенствено во возрасната група од  ≥65 години, но и во возрасната група од 45-64 години, па дури и во возрасната група од 15-44 години.Пандемијата предизвика бран од рестриктивни мерки глобално. Но, и покрај рестрикциите, вирусот резултираше со над 400 илјади  починати ширум светот, според СЗО.Германија до 10 мај, евидентирала 7.755 починати, што е прилично пониско во споредба со европските соседи, како што покажуваат податоците објавени од СЗО.  Ова сугерира дека избраните мерки на владата, имале ефект, односно спасиле животи. Ова го покажуваaт и научните студии. Ефектите од социјално дистанцирање, научно се поткрепени.И германските проверувачи на факти, ја разобличиле оваа манипулација.Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст како манипулативен. Целта на текстот е да се убеди јавноста дека коронавирусот наликува на грип или слично вирусно заболување. Покрај тоа, пласирани се невистинити тврдења дека истражувањето го нарачало германското министество за внатрешни работи, што не е точно.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.