ОПИС

Два сајта, неколку лажни профили и многу вистински профили споделија лажна вест дека „Министерството за образование донело катастрофална одлука и го забранило зборот македонски јазик во училиштата“.

Сајтовите ИНФОМАКС и МАРКУКУЛЕ објавија вест близнак, до запирка иста, во која во насловот стои дека Министерството за образование ја забранува употребата на македонски јазик, за во првата реченица од текстот да изнесат лажна вест дека  СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе објавило оглас за наставник по мајчин јазик, а не по македонски јазик, од што изведуваат уште една лага дека училиштето ја забранува именувањето на предметот македонски јазик.Во текстот натаму повеќе никаде не се спомнува Министерството, кое во насловот на овие сајтови „донело катастрофална одлука и го забранило македонскиот јазик“.

Но затоа се повикуваат на загрижени граѓани кои според овие два сајта „отворено прашуваат „кој се срами и ја забранува употребата на македонскиот јазик“. Без да се наведе име на ниту еден граѓанин или цитира изјава или покаже фотографија. А темата е секако важна, секој би сакал да зборува за неа. Нормално, само во случај да е вистинска. A, не е. Еве зошто:

ФАКТ/И

Училиштето „Кочо Рацин“ го објави на својата Фејсбук страница огласот, објавен во дневен весник, што не може да се преиначи или смени бидејќи е печатенна хартија и однесен во трафиките да се продава. Затоа, најсигурен извор дека на огласот не се бара професор по „мајчин јазик“ туку по македонски јазик е токму тој оглас:И на сајтот на Агенцијата за вработување, стои Професор по македонски јазик:Македонскиот јазик е забетониран

Македонскиот јазик нема да се менува. Тоа е запишано и во договорот од Преспа.Исто така и во Обединетите нации и во институциите на Европската унија.Очигледно дека освен ИНФОМАКС и МАРКУКУЛЕ, никој нема проблем со употребата на македонскиот јазик.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.