ОПИС

Оргинален наслов: “(ВИДЕО) СТРАШНО: Ако 5G убива птици, ќе убива и луѓе”

Линк до оргиналната статија: link.

Опис на дезинформација

Порталот Инфомакс објави текст со наслов “(ВИДЕО) СТРАШНО: Ако 5G убива птици, ќе убива и луѓе”, во кој пишува дека стотици птици паднале од небото во Хаг, Холандија за време на експериментот на новата 5G мрежа која го тестираше опсегот, и се поставува прашање дали новата безжична технологија ќе биде штетна за населението.

Во текстот се повикува на информација на Јохан Куле што ја споделил на  својот фејсбук профил и тоа во ноември 2018 година.

ФАКТ/И

Порталот напишал текст со вознемирувачи и застрашувачки наслов без притоа да ја истражи информацијата што ја споделил Јохан Куле, кој е целосно непознат на нашата јавност, а што е уште поважно, не е ниту стручно лице од областа на технологијата, телекомуникациите или пак медицината.

Тимот на F2N2 пребаруваше за овој случај во Холандија и дојде до информации кои ја разобличуваат веста за смртта на птиците. Имено на сајтот за проверка на информации веста најпрво е објавена од страна на блогот Erin at Health Nut News, на 5 ноември 2018 г.,  за потоа да биде преземена од Јохан Куле кој раководи со неколку интернет страници за заговор против 5G. Според локалните власти, поморот на птиците се случува помеѓу 18 октомври и 3 ноември 2018 година, и не ја отфрлаат можноста птиците да се отруени. Причините за смртта дополнително ќе се истражуваат. 5G мобилната мрежа во голема мера е се уште во развој. Различни земји тестираат различни форми, вклучувајќи ја и Холандија, но нејзиното широко прифаќање не се очекува да се случи пред 2020 година. Тестирањето на 5G мрежата навистина се случило во Холандија на 28 јуни 2018 година и истото не било проследено со смрт на птици.

Од ова може да изведеме заклучок дека дури по 6 месеци од  случајот со смртта на птиците во Хаг порталот Инфомакс креирал вест, и тоа само врз основа на претпоставка која во никој случај не претставува доказ.

Оваа вест претставува псевдонаука. Порталот во текстот се обидува одредени мислења и ставови да ги претстави како научни откритија. Во него погрешно и манипулативно се интерпретираат постоечките научни истражувања, за кои знаеме дека се уште се во фаза на развој и тестирање и не постојат аргументи со кои може да се докаже влијанието на ова зрачење врз здравјето на луѓето.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.