ОПИС

Оригинален наслов: Дали се бетонира недобивањето датум во јуни?

Во текстот којшто е предмет на анализа, се тврди дека Северна Македонија е се подалеку од можноста за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни. Авторот пишува дека е повеќе од јасно дека државата не ги исполнила критериумите и затоа сигурно е дека нема да добие датум, а за тоа има потврда и од францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.

Оригинален наслов: СОЦИЈАЛНАТА МЕРКА ФЕЈСБУК ГО ,,ПPEKРШИ” МОЛКОТ: За „Фејсбук“ денеска гласаме на северномакедонски претседателски избори!

Опис на дезинформацијата

Во овој текст пишува дека социјалната мрежа ( или според порталот МЕРКА) Фејсбук го прекршила изборниот молк, повикувајќи ги граѓаните да гласаат на денот на изборите. Дополнително, авторот навел дека Фејсбук, изборите во Северна Македонија ги нарекува Северно македонски избори, што според него е трагично.

Оригинална статија

Архивирана статија

ФАКТ/И

Фејсбук е глобална социјална мрежа,  која  со потсетувањето да се гласа на 21 април не прави никаков прекршок, односно информација за одржување на избори во одредена земја не значи прекршување на изборниот молк. Во информацијата стои дека се одржуваат избори, што е факт.

Од природата на оваа мрежа се знае дека секогаш кога поголем број на корисници споделуваат дека прават некоја иста активност, Фејсбук го регистрира тоа, а за да биде поблиску до корисниците, им дава до знаење дека ги познава добро, и дека е запознаен за тоа што се случува во нивната држава.

Во врска со името и именувањето на изборите во Северна Македонија, не мора да значи дека ако на македонски фразата е „избори во Северна Македонија“,на англиски исто така би била “Elections in Noth Macedonia”. Ова е само прашање на стил во пишувањето, и нема друга цел која би ја сменила суштината на името на Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи издаде упатство за употребата на името на државата за странските новинари.  Во него е прецизно посочена употребата на терминологијата поврзана со името на државата. Во случај на неправилна употреба на дефинираните термини, не мора веднаш да се развиваат теории на заговор.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.