Тимот на ФН анализираше вкупно 127 статии кои се дел од “првиот бран” (дез)информации поврзани со настанот и објавени на 23 и 24 јуни 2021. Статиите беа добиени преку системотeu, но исто така и преку агрегаторите time.mk и grid.mk, како и преку пребарувачот Google.
Генералниот дезинформативен наратив којшто доминираше во пренесувањето на овој настан во Северна Македонија на 23 и 24 јуни беше дека “британската влада го направила тоа намерно и дека Русија е воено надмоќна и дека имала целосно право да ја брани својата суверена територија”. Овој дезинформативен наратив ја релативизира нелегалната анексија на Крим од 2014 година и воените конфликти кои што следеа, без никакво почитување на меѓународното право, со дезинформативниот наратив “Украинските води се руска територија и тоа не може и не смее да се оспорува”, проследен со “Русија е еднаков играч на меѓународната сцена”. Дезинформативниот наратив за “воената надмоќност на Русија” којшто постојано се пласира во јавноста, исто така беше забележан на следниов начин: “Русија е спремна да нападне странски воени бродови користејќи дипломатски, политички и воени средства”; “Следниот пат бомбите ќе ја погодат целта, не правецот на движење”; “Русија употребува ловец-бомбардер СУ-24М за да предупреди брод на Британската кралска морнарица дека нелегално навлегол во руски води”.
Статиите објавени на 25 и 26 јуни, се однесуваа на два клучни настани/изјави: (1) Изјавите на началникот на Британската кралска армија, Ник Картер - статиите кои се појавија во македонскиот онлајн простор претставуваат комбинација од статија објавена на 23 јуни и од неговата втора изјава дадена на 25 јуни. Како извор на македонските портали се наведени “британски новински агенции”. Сепак, овој наратив започна на 25 јуни од страна на руските медиуми. Ова претставува вообичаена техника која Русија и проруските портали во Северна Македонија ја употребуваат, односно објавуваат сегменти од одредени руски наративи неколку дена откако дезинформацијата првично ќе биде објавена во руските медиуми. Во рамките на овие статии постои тенденција да се нагласува фразата “Велика Британија призна”, повикувајќи се на делови од изјавата на Картер. Оваа тенденција се надоврзува на претходните намери на Русија да ја претстави Велика Британија како “одговорна за провокациите”. (2) “Вестите” дека „Во услови на зголемени тензии со Велика Британија, Русија започнува големи воени вежби во Средоземното Море.
Заклучок: Во периодот 23-26 јуни, руските дезинформации за настанот беа присутни во Северна Македонија, користејќи различни техники, како на пример извртување и манипулирање на изворите, со цел дезинформативниот наратив да остане присутен во онлајн просторот.
Бродовите треба да користат легално признати бродски линии: Дефендер пловел низ легално призната бродска линија.
Преминот треба да биде без последици за редот, мирот или безбедноста на крајбрежната држава: преминот на Дефендер бил без последици за редот, мирот или безбедноста на крајбрежната држава, којашто во овој случај, имајќи ја предвид нелегалната анексија, не се смета за руска територија.
Преминот треба да биде изведен без запирање (освен во случај на договор со крајбрежната држава за користење на пристаниште како точка за запирање) и без промена на курсот: Дефендер не ја запрел својата пловидба, напротив, се движел со константна брзина и без промена на курсот.
Преминот не мора да и биде најавен на крајбрежната држава: Дефендер немал потреба да го најави својот премин бидејќи тоа не е задолжително според морското право.
Преминот не треба да го загрозува морскиот свет, животната средина, важна инфраструктура или да се меша во било какви поморски работи или истражувања: Во текот на својата пловидба Дефендер не го загрозил морскиот свет, животната средина или важна инфраструктура, како на пример кабли, гасоводни цевки итн.
Дефендер користел легално призната бродска линија.
Дефендер ги сметал водите за украински и поради тоа бил планиран премин.
Целта на преминот била да се потенцира дека тие води не и припаѓаат на Русија. Оттука, Русија нема право да предупредува, брани или да напаѓа кого било во тие води.
Екипажот и вишите офицери на Дефендер биле уверени дека преминот ќе помине без последици, но прифаќајќи го и предвидувајќи го фактот дека Русија ќе има агресивен пристап за време на преминот.
Како земја-членка на НАТО, Велика Британија има должност да ги повика на одговорност државите коишто не го почитуваат меѓународното право и истото е направено на транспарентен начин.
Кралската морнарица и Велика Британија се подготвени да ја предупредат Русија да се придржува до меѓународното право.
Статиите објавени на 25 и 26 јуни се однесуваа на два клучни настани/изјави: (1) Изјавите на началникот на Британската кралска армија, Ник Картер - статиите кои се појавија во македонскиот онлајн простор претставуваат комбинација од статија објавена на 23 јуни и од неговата втора изјава дадена на 25 јуни. Како извор на македонските портали се наведени “британски новински агенции”. Во овие статии постои тенденција да се нагласува фразата “Велика Британија призна”, која се однесува на делови од изјавата на г. Картер. Оваа тенденција пак се надоврзува на претходните намери на Русија да ја претстави Велика Британија како “одговорна за провокациите.” Генералот Картер, како началник на Британската кралска армија, често зборува за заканите коишто доаѓаат од Русија, дефинирајќи ги како злонамерни и опасни. Исто така, во неколку наврати генералот Картер има зборувано за тоа колку голема закана претставува Русија за НАТО како алијанса, како и за нејзините членки. Се чини дека порталите во Северна Македонија ја злоупотребиле неговата изјава, така што делот „погрешна пресметка произлезена од неоправдана ескалација“ е пренесен со следниов наслов: “Можеше да се случи војна со Русија”, кадешто неговата изјава е претставена на начин како тој да ја обвинува својата армија за инцидентот. Всушност, кога генералот Картер изјавува „погрешна пресметка произлезена од неоправдана ескалација“ се осврнува на Русија и на нејзиното непочитување на меѓународното право, како и на нејзината непредвидливост кога НАТО и други земји преземаат мерки согласно правото. (2) “Вестите” дека „Во услови на зголемени тензии со Велика Британија, Русија започнува големи воени вежби во Средоземното Море, објавени од страна на проруски портали имаат за цел да ја прикажат Русија како воено супериорна и како држава којашто не треба да биде предизвикувана, со што наративот се одржува во живот и циркулира. Повторно зајакнување на наративот за “Руската воена супериорност”.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО