ОПИС

Оригинален наслов: Млада скопјанка со попреченост: Се качувам во автобус и ме лажат дека следна станица е „Рекорд“

На 29.05.2019  на порталот Балкан.мк  се појави текст  кој е шпекулација. Шпекулацијата е содржана во самиот наслов.

Подоцна медиумот ја избриша веста.  Информацијата ја пренесоа и други медиуми.

Оригинална статија

Други портали кои ја објавија веста

ФАКТ/И

Во овој случај, станува збор за класична шпекулација која треба да предизвика емотивна реакција кај публиката, за да може  веста побрзо да се шири кај јавноста. За жал, станува збор за неточен податок.

Девојката за која се однесува оваа шпекулација, со изјава на нејзиниот личен профил на Фејсбук ја демантираше оваа лажна вест.

Изјавата ви ја пренесуваме интегрално: „ЧУВСТВУВАМ ОБВРСКА ДА Ви Се обратам во врска со објавениот напис. Порталот балкан.мк објавил реченица за мене, која јас никогаш не сум ја кажала. Како прво за тој портал јас никогаш не сум дала официјална изјава. Текстот го превезеле од мое интервју дадено за ТВ Телма, каде што меѓу другото кажувам дека гласовните сигнали во автобусите на ЈСП не се синхронизирани и дека ми се има случено истите тие на станица кај Капитол да ми кажат дека следна станица е Рекорд. Никаде не кажувам дека луѓе ме излажале, како што алудира насловот на оваа статија. Од почит спрема сите Вас кои ја споделивте оваа статија со најдобра намера , морав вака јавно да ја демантирам оваа лажна вест.“

Медиумите мора да известуваат професионално, согласно начелата на новинарството. Јавноста не смее да биде цел на шпекулативни наративи и неточно информирање. Медиумите мора да ги почитуваат правата на граѓаните, да бидат етични, да ги бранат човековите права и достоинство.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.