Тимот на F2N2 врши секојдневно мониторирање на медиумите во Северна Македонија, при мониторингот често се забележуваат трендови кои се шират од медиумите на социјалните мрежи за кои вреди да се одвои медиумски простор.Трендот на ширење на веста дека Заев и ДУИ на средба во Тетово договориле редефинирање на државата го привлече нашето внимание. За прв пат ширење на дезинформацијата е забележано на 10.06.2019, а последен објавен текст поврзан со оваа дезинформација е 18.06.2019.Во наведениот период нашиот тим изврши мониторинг на 2839 текстови/статии, од кои 2651 коректни текстови и 188 некоректни текстови ( текстови/статии кои содржат дезинформации).Топ 5 медиуми според бројот на  коректно/некоректно пренесени текстови се:image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Притоа, од 188 дезинформативни текстови, 53 го содржат дезинформативниот наратив за наводното редефинирање на државата. Изјавата на Мицкоски е пренесена 28 пати од страна на 19 медиуми. “Тиранската платформа” и тајната средба на Заев и Ахмети повторно беше актуелна на пресот на ВМРО-ДПМНЕ на 15 и 17 јуни. Oваа изјава е споделена од 21 медиум (23 пати).Во ширењето на овој наратив, значителен удел има порталот Јавно.мк кој изјавaта на Мицкоски ја пренел четири пати со различен наслов за време од 24 часа.Секој од тие различни наслови e споделен на социјалните мрежи од страна на 5 фејсбук страни, односно само од порталот Јавно.мк веста е споделена 16 пати.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Од табелата може да се види дека овие 5 фејсбук групи заедно имаат вкупно 137,178 следбеници. Веста стигнала до потенцијални 2,743 до 8,916 следбеници/корисници на социјалните мрежи.(Ве молиме погледнете ја забелешката на крајот од текстот за алгоритамот на Фејсбук за пресметка на опсегот)image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Ова е само еден од многуте примери како една вест со дезинформативен наратив се споделува на социјалните мрежи, за да стигне до поголем број на читатели.Пренесувањето на една иста вест неколку пати со различни наслови го практикуваат неколку портали. Покрај javno.mk, истата вест, но со различни наслови ја имаат споделено следниве портали: kurir.mk, vesnik.com, vecer.mk, infomax.mk, ekonomski.mk и lider.com.mk.image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

image

КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА

Ова е само еден сегмент од поопсежната анализа која ќе следува.Забелешка: Алгоритамот на Фејсбук односно истражувањата поврзани со Опсегот (Organic reach) покажуваат проценти од 2% (за групи поголеми од 500.000 следбеници до 6.5% за групи со помалку од 500.000 следбеници). За потребите на оваа анализа земен е опсегот од 2% до 6.5%. Со оглед на популарноста на Фејсбук во Република Северна Македонија како и бројот на профили регистрирани на оваа Социјална мрежа, може да се потврди дека горенаведениот процент е многу поблизок до 6.5% отколку до минимумот од 2%.За утврдувањето на опсегот е користена алатката CrowdTangle.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.