Оригинален наслов: Италија се заканува со излез од ЕУ ако се направат “туристички коридори” со кои државата ќе биде оштетена!
На 15.05.2020 година порталот televizijastar.com, објави текст со наслов Италија се заканува со излез од ЕУ ако се направат „туристички коридори“ со кои државата ќе биде оштетена !Порталот за својот текст ја искористил изјавата на италијанскиот премиер Џузепе Конте, на конференција за медиумите одржана на 13.05.2020.
Во текстот стои дека Премиерот Џузепе Конте го критикувал планот на Европската Унија за туристичката сезона, што предвидува таканаречени “зелени коридори” меѓу земјите на ЕУ и се заканил дека Италија може да ја напушти ЕУ заради таквата стратегија. “Туризмот не може да биде условен од билатерални договори. Тоа нема да го дозволиме. Или ќе ја напуштиме Европската унија”
Имено на прес конференцијата 13.05.2020, италијанскиот премиер Џузепе Конте истакна дека нема да прифатат билатерални договори во рамките на Европската Унија кои можат да создадат привилегирани туристички канали. Тој смета дека “државите членки на Европската Унија не смеат да градат де-факто туристички договори меѓу себе за време на кризата со коронавирусот, предупредувајќи дека ваквиот потег може да го уништи заедничкиот економски пазар”. Како последица на тоа, Премиерот Конте смета дека тоа би ги оставило надвор од Европската Унија нешто што никогаш нема да го дозволат.
Стратегијата за туризам на Европската Комисија предлага фазен и координиран пристап што започнува со укинување на ограничувањата помеѓу области или земји-членки со доволно слични епидемиолошки ситуации. Во случајот Италија како најпогодена европска земја од коронавирусот сеуште не знае кога патувањето ќе биде дозволено. Па според тоа стратегијата за туризам не е поволна за Италијанскиот премиер, бидејќи Италија е земја во која туризмот учествува со 13% од БДП. Изјавата на италијанскиот премиер е во тој контекст поради што не се согласуваат и не би го дозволиле тоа.
Ова во никој случај не значи дека Италија се заканила со излез од ЕУ. Европската Kомисија не е законодавно тело, и нејзината стратегија за пакет мерки за туризмот не е во сила, Одлуката за тоа ја донесува Советот на Европската Унија и Европскиот парламент .
Телевизија Стар, врши извртување на изјавата на Италијанскиот премиер Џузепе Конте, кое има за цел да го прикаже наводното незадоволство во ЕУ. Несогласувањето на една земја со предлог-мерките, не значи и причина за напуштање на ЕУ, а уште помалку значи дека во мерките нема да се вклопат интересите на сите земји членки. Според горенаведеното, тимот на Ф2Н2 го цени овој текст како спин, со анти-ЕУ наратив.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО