ОПИС

Оригинален наслов: Иванов останува Претседател во случај на немање цензус,се до избор на нов Претседател

Оригинална статија

Архивирана статија

Во јавноста се појавија одредени шпекулации дека доколку во вториот круг од претседателските избори не се постигне потребниот одѕив (40%), претседателот Иванов ќе продолжи да ја врши функцијата до изборот на нов претседател на Републиката. Ваквото тврдење е поткрепено со аналогија со одредбите кои регулираат дека владата на која и престанал мандатот останува на должност до изборот на нова влада. F2N2 направи анализа на правните одредби кои ја регулираат оваа материја и утврди дека ваквите шпекулации немаат правна основа, а со тоа претставуваат лажна вест.

ФАКТ/И

Одредбите поврзани со престанокот на мандатот на претседателот на Републиката се содржат во Уставот на Република Северна Македонија. Членот 82 од Уставот определува дека во случај на престанок на мандатот на претседателот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.

Што се однесува до Владата, член 93, став 5 од Уставот определува дека Владата на која и престанал мандатот поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада.

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, изјави дека доколку не биде постигнат одѕив од 40%, покрај функцијата претседател на Собранието на РСМ, тој ќе треба да ја врши и функцијата претседател на Републиката. Оваа прилика тој ја искористи и да ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на вториот круг од изборите. Во интервју дадено за МИА, поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, го потврди ова, наведувајќи дека до изборот на нов претседател на државата, претседателот на Собранието ги врши неопходните функции на претседател на државата.

Од ова произлегува дека толкувањето на одредбите поврзани со престанокот на мандатот на претседателот на Републиката и неговиот наследник преку правна аналогија со одредбите поврзани со престанокот на мандатот на Владата е погрешно зашто Уставот веќе предвидел механизам во случај на престанок на мандатот на претседателот на државата. Оттаму, ваквите шпекулации претставуваат лажна вест и очигледно е дека се креирани за политички цели.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.