Според сите овие податоци, без разлика дали станува збор за директна помош или помош преку инструментите на овие големи сојузи, ЕУ и НАТО продолжуваат да бидат водечки во овој сегмент, не само во Северна Македонија, регионот туку и глобално. А за Соединетите Американски Држави, е пишувано и ќе се пишува. Се друго е само евтин обид за популизам, а тој, се побива само со факти.
„Пријателите во невоља се познаваат“, па така во овие тешки времиња вистинските пријатели на Република Северна Македонија (РСМ) одлучија да ни помогнат. Европската Унија официјално изјави дека на РСМ ќе и помогне со опрема и пари во вредност од 4 милиони евра. Но и покрај таа помош, некои земји членки на Европската Унија одлучија и индивидуално да и помогнат на РСМ. Нивната помош е следната:
Целокупен буџет од Малите проекти за 2020 година е имплементиран во проект за поддршка во вид на опрема за клиничкиот центар Мајка Тереза
27.03.2020
Тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија наменети за Северна Македонија, Украина и Мароко во износ од 500,000 евра.
02.04.2020
100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра
03.04.2020
100 илјади заштитни маски и 5 илјади заштитни одела
06.04.2020
1 милион заштитни маски
10.04.2020
100 заштитни медицински одела и заштитни маски за повеќекратна употреба
16.04.2020
Маски N95 и заштитна опрема
21.04.2020
Над 1000 лалиња и голем број на книги преведени на македонски и албански
28.04.2020
Финансиска поддршка која се искористи за 3,160 спакувани оброци и 4,800 комплети за хигиена
28.04.2020
Транспортна помош за кинеска донација која се состои од лична заштитна опрема
29.04.2020
3 илјади маски за повеќекратна употреба
05.05.2020
маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи и средства за дезинфекција и заштитни очила
06.05.2020
200 пакети со храна и 100 маски за респираторна заштита
06.05.2020
10 илјади заштитни маски
12.05.2020
Поддршка на дистрибуција на 1860 пакети храна и хигиенски производи за најсериозно погодените од ковид-19 кризата
13.5.2020
Донација зa потребите на Дирекцијата за Заштита и Спсување
15.05.2020
300 скафандери за медицинскиот персонал, 300 заштитни очила и визирки за здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби
22.05.2020
600 пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена
26.05.2020
100 илјади заштитни маски и 10 илјади литри средства за дезинфекција
28.05.2020
Она што е многу важно да се напомене во овој контекст е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија (МЦЗ) и Евро-Атлантскиот координативен центар за кризи на НАТО (ЕАДРЦЦ). Најголем дел од помошта е доставена преку овие два механизми.
Се работи за орган кој е формиран во 2001 година, чијашто основна задача е превенирање, подготвување за и одговор на непогоди. Тој се состои од земјите-членки на Европската Унија, 6 земји учеснички и Обединетото Кралство (за време на транзицијата до целосен излез). Шестте земји учеснички се: Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Турција, Исланд и Норвешка.
Како функционира овој систем? Кога одредена земја не може да се справи самостојно со непогодата, може да побара помош од МЦЗ како единствена точка во која се спојуваат донирачките капацитети на сите земји членки и се избегнува непотребно дуплирање и неефикасност. На тој начин се менаџира многу поефикасно со хуманитарната помош, бидејќи едно единствено тело ја координира целата помош која се дава од името на Европската Унија, а која ефективно е донирана од сите земји членки на Европската Унија. Ова исто така е подобро и за примателот на помошта бидејќи тој е заинтересиран да добие што е можно поефикасна помош, што подразбира добивање точно на она што е потребно, без притоа да има дуплирање и создавање на непотребни вишоци.
Начинот на којшто МЦЗ функционира е следниот: секоја земја во светот, Обединетите Нации и други меѓународни институции може да се обратат до МЦЗ за помош. МЦЗ има интервенирано во некои од најголемите непогоди, како на пример епидемијата со ебола во Западна Африка (2014) и во Демократската Република Конго (2018), земјотресот во Албанија (2019), итн. Помошта на Република Австрија на Република Северна Македонија од 15.5.2020, наведена во табелата погоре, е дадена преку МЦЗ. Важно е да се напомене и дека МЦЗ работи на координирање на спремноста и на превенцијата на евентуални непогоди кога станува збор за земји членки, како и придонесува за размена на најдобри практики.
Од друга страна, Народна Република Кина донираа 30 илјади евра во парични средства, како и над пет илјади тестови за КОВИД-19 и значајна заштитна опрема како што се заштитните скафандери, маски, заштитни капи итн.
Според сите овие податоци, без разлика дали станува збор за директна помош или помош преку инструментите на овие големи сојузи, ЕУ и НАТО продолжуваат да бидат водечки во овој сегмент, не само во Северна Македонија, регионот туку и глобално. А за Соединетите Американски Држави, е пишувано и ќе се пишува. Се друго е само евтин обид за популизам, а тој, се побива само со факти.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО