Институтот за модерна Русија изготви
детален извештај за состојбата на граѓанското општество во Русија, за време на владеењето на Владимир Путин во оваа земја. Во текот на двeдецениското владеење, тој креирал авторитарен систем со моќна пропаганда која му овозможила да се натпреварува во Русија, но и надвор од неа. Извештајот е насловен „Русија под Путин“ и се фокусира на политичките и општествените случувања. Овој извештај е втор од серијалот насловен „Русија под Путин“. Извештајот на ИМР помага да се разбере вистинската слика која пропагандната машинерија на Путин се обидува вешто да ја скрие. Иако на хартија граѓанското општество во Русија изгледа дека е развиено како во другите посткомунистички држави, во реалноста официјалните статистики не даваат прецизна информација за бројот на граѓански организации. Користејќи ја регулативата, шемите за финансирање и интегрирањето со државните агенции, режимот на Путин прави поделба на граѓанскиот сектор на
„добри“ и „лоши“ актери, при што едните се прифаќаат како сојузници, а другите се претставуваат како безбедносна закана.Овој извештај се фокусира на граѓанските организации, поради нивната значајна улога во заштитата на приватноста и личната слобода наспроти упадот од државата, чија цел е креирање недоверба меѓу луѓето.Анализирајќи ја ситуацијата, ИМР укажува на сè позабележливиот тренд во последната декада, кој покажува интензивирање на државната контрола врз граѓанските организации, на кои се фрла сомнеж дека можат негативно да влијаат врз општеството.
Креирање регулатива со цел воспоставување контрола врз граѓанските организацииПолитичкиот систем на Русија во последните дваесет години е окарактеризиран како централизиран, со отсуство на политичка конкуренција и агресивна надворешна политика. Овие карактеристики на политичкиот систем значајно влијаат врз развојот на граѓанските организации во Русија.Зголемената регулација е првиот чекор со кој се врши своевидна контрола врз граѓанските организации. На пример, федералниот закон за регулирање на непрофитните организации, првично донесен од државната Дума во 1995, до 2020 е изменет вкупно 90 пати, од кои само 10 промени се извршени во првата декада, 67 измени се направени во периодот од 2007 до 2016, а уште 13 измени се направени од 2017 до денес. Целта на пречестите измени на регулативата е да се креираат такви критериуми кои ќе ги фаворизираат организациите кои го делат ентузијазмот на Путин за силна држава, националистички теми и традиционални руски вредности.Во таа временска рамка, граѓанските организации кои се фокусирани на човечките права, заложбите за политички слободи и други слични прашања, стануваат подложни на казнена регулатива, која им оневозможува да се финансираат и да се интегрираат во општеството.Кремљ креира систем со авторитет на централно ниво, со што овозможува вертикален систем на распределба на моќта. На овој начин се овозможува да се создадат нови посреднички институции како што е Граѓанската комора и други граѓански организации кои нудат официјални услуги за социјална помош. Спроведувањето на политики од ваков вид резултираше со поделба на граѓанскиот сектор на оние кои се поддржани од државата и на оние кои се маргинализирани. Суштината на ваквите политики е да се контролира влијанието врз јавноста.
Влошени релации Русија-Запад, смислено сценарио за поставување контролен системИзвештајот на Фридом хаус кој е искористен како извор на податоци во овој извештај, ја рангира Русија како „неслободна земја“ во однос на политичките права и граѓански слободи. Политичкиот систем управуван од Кремљ оценет како авторитативен, толерира само површна конкуренција наспроти доминантната партија „Единствена Русија“.„Странски агент“ и „непожелна организација“ се кованиците кои се користат во пропагандата при опишувањето на надворешната помош за граѓанското општество, што најголем дел од формите на меѓународна соработка ги прави опасни за граѓанското општество.Додека ИМР го подготвувал овој извештај се соочувал со недостиг од јавно достапни информации за граѓанскиот сектор. Ова е проблематично од аспект на фактот што непостоењето на доволно податоци или нивната непрецизност го оневозможува следењето на развојот на граѓанското општество. Дури и извештајот од
Граѓанската комора од 2014 го истакнува овој проблем: „Не постои единствена, сеопфатна и ажурирана статистичка слика на годишно ниво за овој сектор... Нема систем за процена на активностите .“ Постојат три меѓусебно поврзани причини за недостатокот на вакви податоци, и тоа:
Начинот на кој се класифицираат непрофитните организации согласно легислативата;
Преклопување на надзорот од државните органи; и
Отсуството на унифицирани насоки за отчетност.
Според легислативата, премногу организации се содржат во терминот „непрофитна“, што истиот го прави непогоден за оценување на граѓанското општество. Правните лица се класифицирани или како трговски, или како непрофитни организации. Согласно оваа поделба, во непрофитни организации влегуваат државни образовни институции, политички партии, адвокатски комори, па дури и големи државни компании. Ова укажува на недостиг од диференцијација која би можела да помогне во дефинирањето на различните видови непрофитни организации.Надзорот го вршат различни министерства и органи на локално, регионално и федерално ниво. Ова дополнително ја влошува ситуацијата со одговорноста и отчетноста. Во извештајот е наведено дека постојат докази кои укажуваат дека информациите за граѓанските организации понекогаш се прават недостапни за јавноста од Министерството за правда поради политички причини, што уште повеќе ја замаглува статистичката слика. На пример, во 2017 година, од веб-страницата на министерството биле повлечени сите годишни извештаи од граѓанскиот сектор заклучно со 2014 година.
Се шпекулирало дека причината за оваа одлука е тоа што овие извештаи биле користени при истрагата за имотот на Дмитриј Медведев, како и истрагата за имотот на Фондот за борба против корупцијата на Алексеј Навални. Кога јавно достапните информации станале опасни за владата, тие биле повлечени.Во втората декада, регулирањето на граѓанскиот сектор станува поамбициозно и се интензивира. Граѓанскиот сектор веќе станува сериозна политичка закана за режимот во Русија. Тоа го поттикна Кремљ на брзо дејствување. Стратегијата се состои од три дела: регулација, финансирање и интеграција со државните агенции. Последицата на оваа стратегија е поделба на граѓанското општество на „добри“ и „лоши“. „Добрите“ организации работат во здравството, образованието, спортот и културата. “Лошите“ се занимаваат со прашања како што се животната средина, правата на ранливите групи, женските и човековите права, при што нивните активности, пристапот до финансирање и комуникацијата, се строго ограничени.Со цел да се воспостави контрола врз граѓанското општество, државата почнува со
регулирање на финансирањето на граѓанските организации. Во 2012, руското законодавство експлицитно го изедначи странското финансирање со „политичко мешање“, со што сериозно го отежна пристапот и користењето на странски фондови. Бил
донесен т.н Закон за „странски агенти“. Коментирајќи го законот, Путин
забележал:
„Никој нема право да зборува за целото руско општество, особено оние кои се насочени или финансирани од странство и на тој начин им служат на туѓите интереси“. Граѓанските организации кои работеа на прашања поврзани со политичкиот систем или човековите права, како на пример организацијата ГОЛОС која ги набљудува изборите, беа меѓу првите кои беа цел на новиот закон.Во 2015 бил донесен Законот за непожелни организации, кој дополнително ја засили пораката на државата дека странските организации се штетни за Русија, односно дека претставуваат закана за уставниот поредок, безбедноста и одбраната на државата. Ваквата легислатива му овозможи на режимот на Путин да го изедначи странското финансирање со странско мешање во државните работи, а истовремено да се афирмира како единствен арбитер на кој му е дозволено да учествува во политиката. Етикетата „странски агент“ сè полесно почна да се користи секогаш кога треба јавно да се оспори нечиј легитимитет. Ова придонесе голем број организации, како што се УСАИД и фондацијата Отворено општество, да бидат протерани или да ја напуштат државата. Паралелно со овој процес, течеше поттикнувањето „добри“ организации кои беа поддржувани од државата. Практично, државата создава организации кои работат еднострано и во корист на државата, при што предност им се дава на оние кои користат воени и патриотски јазик, кој е ехо на државниот конзервативен дискурс.Подемот на државната контрола врз граѓанското општество е еден од најважните трендови кој го одбележа владеењето на Путин во Русија во текот на двете децении.Зависностите и семејното насилство, менталните болести, правата на лицата со посебни потреби, лицата кои страдаат од ХИВ/СИДА, се прашањата кои добија видливост во руското општество, благодарение на работата и заложбите на општествено-ориентираните граѓански организации. Ова за жал неможе да се каже за оние граѓански организации кои делуваат во сферата на политички права и граѓански слободи. Тие се едноставно “обележани“ од државата како лоши или странски агенти, односно организации кои можат да ја нарушат безбедносната состојба во државата.Извор:
Извештај на Институтот за модерна Русија