Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов на статијата: Стразбур пресуди против СЈО и ОЈО за случајот за ПанчевскиПоранешниот претседател на Основниот суд 1 Скопје, судијата Владимир Панчевски, на својот Фејсбук профил објави во јавноста информација дека судот во Стразбур му ја уважил тужбата против Основното јавно обвинителство (ОЈО). Во ФБ статусот исто така наведува и дека ова е втора негова тужба против Северна Македонија. Првата негова тужба е против Специјалното јавно обвинителство (СЈО).Порталот пренесува лажна вест, поистоветувајќи го прифаќањето на апликацијата за понатамошно разгледување со пресуда.Линк до оригиналната статија тукаДруги портали кои ја објавија веста: немаЛинк до архивираната оригинална статија тука

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Насловот на текстот е лажна вест. Фактот што жалбата/апликацијата е земена во постапка, не значи и дека истата е основана. Известувањето од судот дека жалбата ќе се разгледува во понатамошна фаза во ниту еден случај не значи дека е донесена пресуда.Вообичаеното време за процесирање на апликација во судот трае повеќе од една година, а праксата покажува дека понекогаш тоа може да трае и повеќе, до 2-3 години.Дополнителни информации за работата и надлежностите, како и процедурите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, можете да прочитате тука.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.