Дезинформација бр:
Дата:
Извор:
Време на читање:
мин.
ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Оригинален наслов:
Јавно се објавени: Ова се лицата кои одбиваат да примат решенија за самоизолацијаНа 22 јуни порталот Dokazmakedonija.mk објави текст со наслов
Јавно се објавени: Ова се лицата кои одбиваат да примат решенија за самоизолација. Во текстот
стои Mинистерството за внатрешни работи го објави списoкот на лица кои одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација, а во прилог стои фотографија од веб страната на Министерството за внатрешни работи со список од 35 лица со име презиме, адреса, број на решение и дата на решение. Текстови со слична содржина беа објавени и на 19.06.2020 за што Ф2Н2 веќе пишуваше.РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Порталот ја искористил
изјавата на министерот за здравство Венко Филипче од 19 јуни, во која вели дека јавно ќе бидат објавени имињата на луѓето кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација. Претходно, на
прес конференцијата одржана на 15.06.2020 министерот за здравство Венко Филипче
најави дека, како алтернативна правна форма, јавно ќе се објавува список на лица кои треба да бидат во самоизолација, а кои не сакаат да соработуваат со епидемиолозите и Санитарниот Инспекторат.Но, во прилог на текстот стои листа со лица со име презиме, адреса , број на решение и дата на решение, објавена на веб страната на Министерството за внатрешни работи. Истотака стои и текстот од самата објава:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член член 385 ст.3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, Одделението за прекршоци Скопје- 5, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи, врши јавна објава:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 5- Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека има донесено РЕШЕНИЈА кои не се во состојба да ги достави со лична достава …Од изнесеното јасно е дека не се работи за лицата кои одбиле да примат решение за самоизолација.И доколку не се прочита содржината на целиот текст внимателно, прв впечаток од насловот и листата е дека се работи за лица кои треба да бидат во самоизолација.Јавната објава како дел од постапката за доставување на решенија не е новина во нашето законодавство. “
Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 385 ст.3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата” стои во објавата на Министерството за внатрешни работи.Во случајот јавната објава се злоупотребува во овој сензитивен период кога сите стравуваме од коронавирусот и сите напори се насочени кон спречување на заразата. Овие лица без никаква вина во однос на донесените мерки за справување со коронавирусот, се “обележани” како наводно несовесни и одговорни за непочитување на мерките на самоизолација. Ваквите текстови покрај стигматизацијата на овие луѓе може и да ги доведе во опасност, токму поради сензитивноста на јавноста кога е во прашање коронавирусот.Ваквото неетичко известување само ги доведува во заблуда граѓаните а притоа им се нанесува штета на поединци во насока на промена на односот од страна на нивното блиско и подалечно социјално опкружување. Затоа читајте внимателно и проверувајте!