Оригинален наслов: СТАНУВА ЛИ АЛБАНСКИОТ ЗAДOЛЖИTEЛEH ЗА ОСНОВЦИТЕ?: Ocтавката на Петар Атанасов била и поради воведувањето на зaдoлжитeлeн албански?
Дел од македонските медиуми, извесно време ја злоупотребуваат националистичката реторика со цел да поттикнат раздор врз етничка база. Најновиот наратив вклучува задолжителен “албански јазик во основното образование“. Во насока на таа пропаганда, на 25 јуни 2019 порталот Инфомакс објави текст во кој шпекулира дека оставката на заменикот министер на МОН, Петар Атанасов била меѓу другите причини и поради воведувањето на зaдoлжитeлeн албански.
Медиумот се повикува на шпекулациите кои кружат на социјалните мрежи.
Објавената информацијата беше демантирана од Владата, но порталот Инфомакс наместо да ја повлече, објави нова вест со сличен наратив.
Веста ја пренесоа и други медиуми Доказ, Република, Скопје 1, Јавно, како и порталот Курир и Нетпрес кои ја повлекоа по демантот од Влада.
Линк до објавата: Инфомакс
Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантираше веста дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци и дека тоа е причината за оставка на заменик министерот Атанасов. Според соопштението од владата, станува збор за дезинформација.
„Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантира дезинформацијата дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци и дека тоа е причината за оставка на заменик министерот Атанасов и бара од порталите Инфомакс, Маркукуле, Нетпрес, Курир и Вечер да ја повлечат лажната објава, да им се извинат на граѓаните и да информираат дека направиле фото монтажа со цел да делуваат манипулативно.“ – се вели во владиното соопштение.
Тимот на F2N2 смета дека ширењето на оваа дезинформација е ризична сама по себе и претставува несериозност, тенденциозност, како и непрофесионално работење . Објавувањето на оваа дезинформација е со цел да предизвика нарушување на единството и да креира нова подвоеност во македонското општество. Намерното ширење на дезинформации укажува дека станува збор за смислена пропаганда.
Јазиците на нашите заедници се непроценливо културно богатство. Нивното познавање не треба да биде злоупотребувано во било каква политичка пропаганда. Напротив, познавањето на јазиците на националностите, преставува дополнителна вредност на знаење и култура.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО