Јазикот и дезинформациите (1)

Сун-Цу (孫子, Sūn Zǐ) во „

Умешноста на војувањето

“ во неколку делови пишува за употребата на различни техники во војувањето и совладувањето на непријателот:

„Целата тајна е во забуна на непријателот, така што тој нема да може да ја разбере нашата вистинска намера“.

Мошне важна улога, во вака конципираната „стратегија на збунување“, имаат јазикот и комуникацијата. Токму затоа дезинформациите се еден од најчестите

употреби на јазикот како оружје

, односно средство за борба со Другиот, во свои различни форми (Другиот како неистомисленик, непријател, соперник, припадник на друга раса, вера, етнос, различна определба, и др.). Јазикот се користи како

вербално оружје

во многу секојдневни ситуации и низ различни јазични форми, како заповеди, навреди, пцости, споредби, именувања, метафори, стилски фигури, и сл. Дезинформациите доживуваат свој вистински развој во современото доба и добиваат централна улога во борбата за моќ, превласт и интереси, во воени, но и во мирнодопски услови. Како дел од организирана пропагандна дејност, дезинформациите се осмислени и плански манипулации, со континуирано влијание и кои имаат поголем потенцијал да предизвикаат штети. Дезинформацијата по нејзиното масовно и постојано користење во Втората светска војна, и за која најчесто било користен изразот „воена пропаганда“, продолжила интензивно да се користи и во текот на Студената војна помеѓу САД и Советскиот сојуз.Зборот „

дезинформација

“ официјално за прв пат се појавува во 1949 година во Речникот на руски јазик на Сергеј Ожегов и се толкува како „чин на доведување во заблуда со помош на лажна информација“, при што најчесто со примери се реферира кон „дезинформирање на јавното мнение во капиталистичките земји“. Дезинформирањето станува често користен метод не само како „воено оружје“, туку како комуникациска техника во многу сфери, од политичката комуникација, до трговијата и бизнисот. Интересен историски податок поврзан со Македонија е одлуката на Народниот одбор на град Скопје од 30-ти јуни 1951 година со која го упатува Панко Брашнаров на: „превоспитување и општествено полезна работа на Голи Оток во траење од 2 години“, бидејќи „го прекршил јавниот ред и мир и измислувал и ширел лажни вести, а со кое го нарушувал спокојството на граѓаните“. Овој случај е поврзан со внатрешните превирања предизвикани од тензиите помеѓу тогашната југословенска федерација и Советскиот сојуз. Дезинформациите целат кон „креирање привид, односно маскирање на лажната информација како вистинска“(Philippe Breton, La Parole Manipulèe, 2000). Откако сте намамени кон дезинформацијата, нејзина клучна цел е беспоговорно да ѝ се поверува. Јасно е дека дезинформацијата е ефективна тогаш кога нема да биде препознаена како лажна информација. Видовме во претходните објави дека дезинформациите можат да се прикријат и инфилтрират преку

комуникацискиот контекст

и

прифатените наративи

. Третото клучно ниво на кое оперираат дезинформациите е јазикот во секојдневната употреба.Џорџ Орвел со својот роман „1984“ ја популаризираше идејата дека „со промени во јазикот, можете да ја промените свеста на луѓето“. Преку низа јазички и јазично-логички техники, дезинформацијата влегува во секојдневната комуникација и успева да се протне како

вистинска и веродостојна информација

. Токму затоа, најголемиот предизвик со дезинформациите е нивно

првично и навремено препознавање

. Во продолжение следува листа на некои од најкористените манипулативни техники од овој тип, која може да послужи за полесно препознавање на дезинформациите:

ИМЕНУВАЊЕ

- Наметнување или побивање на некој аргумент или идеја преку манипулативно именување. Најчесто оваа техника се нарекува ЕТИКЕТИРАЊЕ при што претежно се користат погрдни и навредливи називи со цел нечија лична или групна дисквалификација. Каталогот на вакви именувања е прилично богат: предавник, платеник, послушник, националист, кодош, квинслинг, сексист, ксенофоб, и редица други. Како дополнителни под-техники, именувањето може да се прошири во цела именска група („пријателот на Х“, „соработникот на Х“), да се прикачи во форма на атрибут („нервозниот Х“, „некадарниот Х“) или да се асоцира преку глагол (пљачкосува, разнебитува). Целта на манипулативното именување е да отвори простор за прикачување на дезинформацијата во текстот на начин кој е убедлив. Во комбинација со одредена етикета, полесно се пласира дезинформацијата која во таков контекст звучи уверливо и логично. Именувањето е тесно поврзано со манипулативната техника на

„ad hominem“

напад

,

со која се дисквалификува идеја или аргумент, преку дисквалификација на оној кој ја застапува идејата или ги искажува аргументите.

ЗАМЕНА НА ПОВРЗАНИ ЗБОРОВИ

- Оваа техника се користи кога зборови со слично или поврзано значење се заменуваат со цел да го сменат знаењето на целиот исказ или текст и лажно да претстават одредена ситуација. На пример, во разгледаниот случај од овој сервис за „

Изјавата на Претседателот Пендаровски за Алмакос

“, од

изворното интервју

описот на одредена ситуација (

постапката е во тек

) е протолкувана во новинарскиот напис како „застој, одложување“, а

именувана во насловот како „блокада“

. Промената на зборовите, кои се поврзани со одреден семантички признак, може да се искористи целосно да го смени значењето на информациите. Вообичаено, во низата семантички поврзани зборови, се користи зборот со „посилно значење“, па така проблеми и недоразбирања стануваат КРИЗА, прекршок или грешка станува СКАНДАЛ, и слично.

ЛАЖНА АСОЦИЈАЦИЈА

- Лажно поврзување на различни субјекти или поими по пат на некоја (формална) сличност, блискост или арбитрарна поврзаност. Во анализата „

Мигранти напаѓаат лажно преку медиуми

“, случајот во кој бил инволвиран

локален бездомник

е манипулативно објавена како случај на криминален

акт извршен од мигрант

. Често, на реален настан (

оставка на заменик министер

) му се прикачува неоснована шпекулација (учење на албански јазик за сите основци) која со повторувањето во медиумите,

прераснува во дезинформација

.

ГЕНЕРАЛИЗАЦИЈА

- Поединечен случај се става во негативен контекст и се преставува како редовно случување.На пример, случај на приведување поради

пријава за нарушување на јавен ред и мир

, се генерализира како „однесување на фашистички режим“ и „

тоталитарна држава

“.Генерализацијата, како во наведениот случај, се комбинира со употреба на изразено негативни поими (фашизам, диктатура, тоталитаризам, режим, хунта) и со

ЗАПЛАШУВАЊЕ

. Јазичните техники за заплашување користат силни афективни зборови ставени во контекст на стереотипи и проширени предубедувања. Предубедувањата се засновани на логички грешки и површни претстави кои не се фактички издржани.

ДЕКОНТЕКСТУАЛИЗАЦИЈА

- Одредена изјава се вади од својот контекст и манипулативно ѝ се менува значењето. „

Партнерството со САД е успешно, ефикасно и со нивна помош очекуваме до крајот на годината да ја постигнеме и формално најголемата стратешка цел која ја имаме зацртано уште во деведесетите, а тоа е нашето полноправно членство во НАТО”, вели Пендаровски.

Со тоа за него ЕУ станува второстепена цел

.

КЛИКОМАМЦИ

- Употреба на лажни, бомбастични и сензионалистички наслови и тврдења со цел да се намамат читатели и зголеми бројот на посети/кликови на некоја содржина. Техниките од овој тип се бројни, од (1) преосмислување на одредена информација (објава на нов спот на музичката група ДНК) која се објавува како дезинформација („

Панчо од ДНК повреден во сообраќајка

“), преку (2) манипулативна објава на селектирани информации и зборови (

За влакно избегната трагедија во паркот „ЧАИР“

) со цел да се залаже читателот дека се работи за настан во Скопје, без притоа да се наведе вистинската локација на случајот (

Ниш: Падна гумена играчница и „затрупа“ деца

), до (3) манипулативна промена на одредена метафорична изјава (

Бубевски: СЈО го држат во вештачка кома

) во бомбастичен наслов (

Катица Јанева во кома, неизвесно е дали ќе се извлече и со какви последици

). (продолжува) Сеад Џигал,За „МОСТ“

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.