ОПИС

На социјалната мрежа Фејсбук се појави една теорија дека во текот на Олимписките Игри во Лондон во 2012 година, на церемонијата на отварањето на игрите се најавил коронавирусот. Оваа теорија се шири на големо на Фејсбук и како аргумент се поставува секвенца од кореографијата во која што луѓе умираат или се болни и ги прегледуваат медицински сестри, слично на сликата на која сме сведоци денес.

Веста на Фејсбук страната Павел Шатев е веќе избришана. Но во прилог фотографија од објавата.Оваа теорија ја и сподели и Миленко Неделковски.

ФАКТ/И

Како прво треба да се напомене дека е злоупотребен дел од перформанс на англиски граѓани на отварањето на Олимписките игри од 2012 година во Лондон. Пренесен е само дел од видеото кое што ако се погледне  во целиот формат, од  44:00 минута од отварањето на олимписките игри во 2012 година во Лондон, можете да видите и слушнете од коментаторот дека се работи за демонстрација со која би се прикажала силата на здравствениот систем кој што се грижи за децата. Целиот перформанс се состои и од дел на приказна за деца.

Ако се направи само едно пребарување на Google за тоа каква цела имал перформансот од отварањето на Олимписките игри во Англија 2012, ќе видите дека се работи за креативен начин на приказ на неколку од главните столбови над кои се изгради Англија, како британската индустриска револуција, Националната здравствена служба, литературното наследство, народната музика и културата.

На хрватскиот сервис за борба со лажните вести Faktograf.hrможе да прочитате повеќе за овој спин кој што во таа земја истотака се шири на големо. Според статистиките на сервисот, објавата на страната RavnaZemlja имала повеќе од 800 споделувања и главнонад 150 подржувачки коментари. А непознати се активностите на другите страни на Фејсбук кои што ја превемале веста.

Во една рецензија на престижнот “The Guardian”од 2012 година, постои една детална анализа за спектаклот во Лондон и нејзиното значење. Така во еден од параграфите пишува дека „На почетокот се претставуваа историски настани – за земјата и за машинеријата и за правата на жените – на епски и поетски начин. Директорот направил една многу добра работа во движењето од различните историски времиња до денес, и помеѓу реалноста и филмовите…Јасно ти кажува од што се состои една нација: деца, медицински сестри и сон“

Теоретичарите на заговор секогаш ги земаат ваквите креативни и уметнички перформанси како основа врз која што ќе ги градат своите манипулации.

Сепак, очигледно е дека станува збор за уметнички перформанс од еден независен уметник.

Бидете внимателни, проверете пред да споделите.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.