Секогаш кога Северна Македонија е пофалена, се случува нешто што очигледно има за цел да го дефокусира јавното внимание од нејзиното историско полноправно членство во НАТО. Откако дезинформативниот наратив од 27 март (денот кога Република Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО) кој се состоеше од лаги дека птиците во Северна Македонија умираат од 5Г беше разобличен, наместо тоа гледаме објава на Твитер од Руската амбасада во Скопје со нова дезинформација на денот кога американски авиони летаа над Скопје за да го поздрават членството на Северна Македонија во НАТО. Само случајност…?

Оригинален наслов: БОМБА! ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РЕАКЦИЈАТА НА ПУТИН! АВИОНИТЕ НА НАТО КОИ ЛЕТАА НАД НАШАТА ЗЕМЈА ПРОБАЛЕ ДА СЕ ДОБЛИЖАТ ДО РУСКА ТЕРИТОРИЈА!

На 29 мај 2020, Руската државна агенција ТАСС, цитирајќи висок функционер во руското Министерство за одбрана, објави статија насловена како „“. Во текстот е наведено дека „борбени авиони СУ-27П и СУ-30СМ од авијатичките единици за брза реакција на Јужниот воен реон биле рапидно мобилизирани за да ги пресретнат бомбардерите“ над неутралните води на Црното Море, кои наводно се движеле кон руската граница.  Видео како руски авион пресретнува бомбардер Б-1Б, објавено од руското Министерство за одбрана, беше искористено за да се промовира настанот. Оваа вест беше преземена од Russia Today, и беше објавена на Твитер како информација од страна на Руската амбасада во Скопје.

 

Актерите на Кремљ и дезинформациите

На 29 мај, руската новинска агенција Russia Today објави статија со „видеото“ од пресретнувањето, тврдејќи дека „авионите ги пресретнале американските бомбардери на ‘безбедна далечина’, што резултирало со промена на курсот на бомбардерите“. Истиот ден, руската државна агенција ТАСС објави статија во која ги објаснува „деталите“ за пресретнувањето што се случило за време на мисијата Бомбардерски специјални сили, која била спроведена од американски и сојузнички сили. ТАСС се повикува на анонимен висок функционер во руското Министерство за одбрана како извор на информацијата. Кратко време потоа, Руската амбасада во Скопје објави на својот официјален профил на Твитер за настанот.

Само неколку минути по објавата на Твитер, насловот на „бомбастичната“ статија зборува за наводната реакција на рускиот претседател Владимир Путин на тоа дека „авиони на НАТО летаат над нашата земја“, бидејќи тие наводно „се обиделе да се доближат до руска територија“. Оваа статија е една од ретките без текст, и содржи скриншот (17:41) од објавата на Твитер на Руската амбасада во Северна Македонија. Веб-страницата mkdpress.site е анонимна веб-страница регистрирана која нема МК домен, и која редовно објавува дезинформации и го глорифицира Путин.

 

Во врска со мисијата со долг дострел на бомбардерите Б-1Б

Според соопштението за јавност на Авијацијата на САД, на 29 мај 2020, „два бомбардери Б-1 Лансер, од авијатичката база Елсворт во Јужна Дакота, биле на стратешка мисија во Европа и регионот на Црното Море“. Генералот Јеф Хариган, командант  на Авијацијата на САД во Европа и Африка, истакнал дека „интегрираното присуство на нашите стратешки бомбардери низ Европа е доказ дека САД, заедно со останатите сојузници или партнери, се подготвени за одговор, и, доколку е потребно, можат заеднички да ги употребат овие капацитети“. Според генералот Тод Д. Волтерс, командант на Европската команда на САД, мисиите на бомбардерите „им демонстрираат на нашите сојузници во НАТО, вклучувајќи ја и најновата членка – Северна Македонија – дека овие стратешки мисии ја подобруваат готовноста и обуката кои се потребни за да се одговори на каква било потенцијална криза или предизвик во светот.“

Ова претставува прв случај мисија на бомбардери да се интегрира со украински авиони СУ-27 и МиГ-29, и турски КЦ-135. Летот исто така вклучувал интеграција и обука за интероперабилност со полски авиони Ф-16 и МиГ-29, како и со романски авиони Ф-16 и МиГ-21, кои биле придружба и патролирале во регионот на Црното Море. Дополнително, бомбардерите Б-1Б се интегрирале со грчки авиони Ф-16 во прелет над Скопје, Северна Македонија.

Полски авиони Ф-16 и МиГ-29 придружуваат бомбардери Б-1Б Лансер за време на мисијата за обука Бомбардерски специјални сили Европа, 29 мај, 2020

Украински авиони СУ-27 Фланкер и МиГ-29 Фулкрум придружуваат два бомбардери Б-1Б Лансер за време на мисијата за обука на Бомбардерски специјални сили Европа, 29 мај, 2020

Романски авион Ф-16 придружува два бомбардери Б-1Б Лансер за време на мисијата за обука на Бомбардерски специјални сили Европа, 29 мај, 2020

За дезинформацијата

Како што може да се види од фотографиите, за време на целото траење на мисијата за обука на Бомбардерските специјални сили Европа, како и за време на прелетот над Скопје, бомбардерите Б-1Б биле придружувани од сојузнички борбени авиони. Исто така, како што се забележува на фотографиите, бомбардерите биле во пар за време на целиот лет.

На видеото објавено од руското Министерство за одбрана може да се види само еден бомбардер Б-1Б, како е пресретнат од два руски борбени авиони од типот „Сухои“.

Статијата на ТАСС е неконзистентна. Во текстот има неколку очигледни заклучоци, како на пример дека американските бомбардери летале над меѓународни води, на значајна дистанца од руската граница, во мисија која била транспарентно објавена. Оттаму, речникот кој се користи, како на пример „идентификување на метите“, „пресретнување“, „неоткриени од радар“ ја прави оваа статија манипулативна, бидејќи ги извртува фактите и ја наведува јавноста на погрешен заклучок. Ако читателот не се информира за настанот од кредибилен извор, тој може да добие впечаток дека се случил сериозен инцидент во воздушниот простор над Црното Море. Со цел да се зајакне овој дезинформативен наратив за „руската воена супериорност“, руското Министерство за одбрана објавило видео, кое очигледно се однесува на друг минат настан, бидејќи во него ги нема дел од авионите кои беа дел од вежбата.

 

Провокацијата

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје го искористи овој настан за да го испровоцира Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, на тој начин што настанот го претставува како инцидент. Во објавата на Твитер, помеѓу другите, беше обележано и Министерството за одбрана. Оваа провокација се случи на денот кога сојузниците на НАТО го поздравија членството на Северна Македонија во НАТО.

Русија е добро позната по провокациите кон суверени држави и нарушувањата на нивниот воздушен простор. На пример, во март 2020, руски бомбардери беа пресретнати од Кралската авијација на Велика Британија во воздушниот простор на Ирска, поради тоа што го нарушувале меѓународниот воздушен простор контролиран од Авијацијата на Ирска. Според НАТО, само во 2019, скоро 300 пати руски авиони биле пресретнати во европскиот воздушен простор.

Имајќи ја предвид улогата на Русија во периодот пред референдумот, како и изјавите на руски функционери и руски дипломати во Северна Македонија и во регионот, се чини дека членството на Северна Македонија во НАТО е нешто кое ја загрижува и ќе ја загрижува Русија во иднина. Покрај членството во НАТО, има уште две нешта поврзани со оваа мисија кои ја предизвикаа реакцијата на Русија. Првиот прелет на регионот во историјата, во кој украински борбени авиони ги придружуваа бомбардерите, како и фактот дека и покрај заладувањето на односите помеѓу Вашингтон и Анкара, турската авијација учествуваше во полнењето гориво во авионите. Откако е воспоставена оваа вежба, таа го покажува силното единство на членките на НАТО и силната врска со земјите кои не се членки на НАТО во Европа и светот.

Секогаш кога Северна Македонија е пофалена, се случува нешто што очигледно има за цел да го дефокусира јавното внимание од нејзиното историско полноправно членство во НАТО. Откако дезинформативниот наратив од 27 март (денот кога Република Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО) кој се состоеше од лаги дека птиците во Северна Македонија умираат од 5Г беше разобличен, наместо тоа гледаме објава на Твитер од Руската амбасада во Скопје со нова дезинформација на денот кога американски авиони летаа над Скопје за да го поздрават членството на Северна Македонија во НАТО. Само случајност…?

Од погоре кажаното може да се заклучи дека немало никакви прекршувања на каков било протокол или на меѓународни норми, освен обидот на Кремљ и руските државни медиуми да го злоупотребат и да манипулираат со овој настан.

 

Проверете пред да споделите!

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.