Од само 30 регистрирани случаи на заразени од коронавирус во периодот помеѓу 19 Јануари и 18 Февруари, во Јужна Кореа, ситуација драсично се смени на 18 Февруари, одкако беше регистриран 31-виот пациент. Пациентот 31 присуствувал на мисите во верска заедница во Даегу и успеал да предизвика масовно ширање на вирусот, при само две посети на црквата Шинхонџи. Имено се работи за 61 годишна жена или популарно наречена “Пациентот 31” или “супер-ширач” на заразата. Откако во југоисточниот град Даегу, се појави најголемиот кластер на заразени во земјата, владата на Јужна Кореја нареди тестирање на повеќе од 200.000 припадници на црквата Шинхонџи низ целата земја. За само еден месец подоцна, кластерот во црквата Шинхонџи опфати 5.080 потврдени случаи на ковид-19, или повеќе од половина од вкупниот број на заразени во Јужна Кореја.
Не е јасно каде пациентот 31 се заразил со вирусот, но во деновите пред нејзината дијагноза, таа патувала во преполни места во Даегу, како и во главниот град Сеул. На 6 Февруари истата учевствувала во мала сообраќајна незгода во Даегу, па подоцна била прегледана во болница за ориентална медицина. Додека била во таа болница, таа во два наврати присуствувала на службите во подружницата Даегу во црквата Исус Шинхонџи.
Помеѓу тие посети, на 15 Февруари, лекарите во болницата предложиле таа да биде тестирана за коронавирус, бидејќи имала висока температура. Наместо тоа, таа заминала на ручек со својата пријателка. Како што се влошувале нејзините симптоми, лекарите уште еднаш ја советувале да биде тестирана, па така на 17 Февруари, таа конечно се тестирала, а веќе следниот ден, здравствените власти и официјално ја објавиле како 31-от потврден случај во земјата. За само неколку дена, тие бројки драстично се зголемиле, при што стотици луѓе во црквата Шинхонџи и околните области биле позитивни на вирусот.
Центрите за контрола и превенција на болести во Кореја (KCDC) првично добиле список со 9.300 лица кои присуствувале на тие две црковни служби во Шинхонџи, од кои околу 1.200 се пожалиле на симптоми слични на грип. Илјадници случаи подоцна биле потврдени таму.
Друг помал кластер се појавил од блиската болница во Чеонгдо, округот близу Даегу. Властите се уште ги испитуваат врските помеѓу црквата во Даегу и погребната служба во болницата, на која присуствувале голем број членови на црквата од 31 Јануари до 2 Февруари. Доколку се потврди, тоа значи дека Пациентот 31 би можел да биде поврзан и со двата кластери.
На почеток на месец Март, водачот на црквата Шинхонџи, основана во 1984 година , се извини. „Барам прошка на луѓето“, рече тој на прес-конференција. „Јас сум многу благодарен на владата за нејзините напори. Исто така, барам прошка од владата “. Имено 88-годишниот водач на црквата, Ли Ман Хе, исто така е претседател на организациjата наречена Небесна Култура, Светски Мир, Обновување на Светлината – HWPL која е активна и во Северна Македонија, Албанија и Косово. HWPL вели дека работи на промовирање на мирот на Балканот, во светлината на проблематичното минато на регионот.
Од 2016 година, таа има организирано голем број конференции и состаноци со граѓански организации во регионот. Во моментот цркавта се соочува со неколку поднесени тужби, па дури и со можна истрага за убиство.
Според тоа, потребно е “само едно лице”, за ситуацијата да излезе од контрола, доколку не се следат препораките на здравствените власти. Јужна Кореја брзо реагираше и успеа да го запре ширењето на вирусот, благодарение на својата кампања на масовно тестирање на коронавирусот, утврдување на патот на инфекцијата и изолација на инволвираните, но не стите земји ја имаат ваквата можност и ресурси да го спречат ширењето на заразата.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО