ОТАВА (Ројтерс) – Првите дози вакцини против КОВИД-19 пристигнале во Канада, нивното аплицирање може да започне, најавил премиерот на Канада, Џастин Трудо.Канада и САД би требало неделава да станат првите западни нации по Велика Британија , кои ќе почнат со имунизацијата на новоодобрената вакцина.„Првата серија дози на вакцината против КОВИД-19 На Фајзер и Бионтек пристигнаа во Канада“, изјавил Трудо на Твитер вечерта во неделата 13.12.2020.Првичните 30.000 дози ќе се распределат на 14 пункта низ Канада. Најранливите луѓе, вклучително и возрасните лица во установите за долготрајна грижа и здравствените работници, ќе бидат први во редот за имунизација. Извор: Reuters
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО