Веќе подолго време дел од македонските медиуми шират вести каде што се нудат „алтернативни“ лекови првично промовирани од сомнителни извори, се со цел да се креира јавно мислење против конвенционалната модерна медицина.Во таа пропаганда чија цел е да се создадат антизападни сентименти свое место си најде и гореспоменатиот наслов. Првично овој вид на лекување е промовиран од Д-р Тулио Симончини   којшто бил онколог од Италија. Еден од фактите кој може да ги натера читателите да посегнат по нешто вакво, покрај очајот се разбира, е и тврдењето дека содата ја намалува киселоста на организмот односно креира алкална средина и поради тоа постои надеж дека заболените клетки ќе се вратат во нормала.Медиуми кои ја објавија оваа вест се: mkd-news.mk, reporter.mk, babinlek.com, falanga.com.au, popara.mk, press24.mk, pindzur.net, exlusive.mk, glamur.mk, sitel.mk, brif.mk Разобличување на дезинформацијаНајпрво, медиумите кои ја објавиле веста, го имаат изоставено делот каде што на Симончини му е  одземена лиценцата за вршење на лекарска дејност а причината за тоа  била смртен случај на еден негов пациент.Дополнително, во 2008 година Холандскиот здравствен инспекторат објавува официјална изјава со која го карактеризира овој метод како исклучително “опасен и не ефикасен“.Веста пак пренесена во Северна Македонија, во себе содржи начини и неконвенционални лекови коишто не се поткрепени со научни истражувања и конвенционална методологија на испитување според принципите на општо-прифатената и официјална медицинска пракса.Целиот  овој наратив е дел од поголема пропаганда, со цел да се  наметне  недоверба  кај граѓаните  кон фармацевската индустрија со опишување на истата како дел на една криминална мрежа, којашто во соработка со целиот западен свет имаат мега план за уништување на човештвото.Земајќи предвид дека се работи за човечки животи, повикувањето на така контроверзен лекар е преседан за себе.  Сомнителноста на терапијата, како и  премолчувањето  на  одземената  лиценца, го прави овој текст дезинформација. Тимот на F2N2 смета дека ширењето на оваа дезинформација е ризична сама по себе и претставува несериозност како и непрофесионално работење на гореспоменатите медиуми.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.