Написите што се појавија деновиве со наслов “Катица Јанева е во кома и не се знае дали и какви последици ќе има” се сериозен и малициозен напад врз шефицата на Специјалното јавно обвинителство. Во насловот, кој целосно е лага, се имплицира тешка болничка состојба за Јанева од која не се знае дали и со какви последици ќе се извлече.imageКлучниот збор КОМА ниту е ставен во наводници за да се знае на пример дека се работи за метафора која се однесува можеби на работата на СЈО или на работата на Јанева, сеедно. Текстот, коментар, потпишан со псевдоним оди намерно со ваков наслов, мамка за читателите најблаго речено, а за семејството и пријателите на Јанева сигурно и шок и голема загриженост.Коментарот го пренесуваат и други медиуми со истиот наслов, без на било каков начин да се оградат од првичниот текст, да објаснат уште во насловот дека текстот се однесува на работата на Јанева и на СЈО, а не на нејзината здравствена состојба.Ваквиот начин на известување во најмала рака е непрофесионален, а може да предизвика и правни последици за медиумот што го објавува, како и за творецот на насловот.Лажниот наслов можеби е инспириран од изјавата на обвинителот Гаврил Бубевски кој претходно изјави дека „СЈО е во еден вид вештачка кома“. Односно дека Врховен суд и законодавците со непостапување по предметите на СЈо, ова обвинителство на некој начин го држат во вештачка кома.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.