Дали сте ја слушнале најновата теорија на заговор дека КОВИД - 19 е човечко биолошко оружје и е направен за масовно уништување? Очигледно, коронавирусот ги претвора теоретичарите на заговор во воркохолици, во зависност од тоа кој вика погласно, така и наративите се почуени, понекогаш тоа е САД, а понекогаш Кина. Според различни извори, следново резиме што го дефинира био-оружјето може да се понуди: Биолошките оружја (честопати се нарекуваат „био-оружја“, „биолошки закани“ или „био-агенти“) се живи организми или субјекти што реплицираат ентитети (вируси, кои универзално не се сметаат за „живи“). Биолошкото војување (биолошкото оружје), познато како војување со микроби, претставува употреба на биолошки токсини или заразни агенси, како што се бактерии, вируси, инсекти и габи со намера да ги убиваат или онеспособуваат луѓето, животните или растенијата како чин на војна. Идејата беше широко отфрлена од експерти за болести и за одбрана. Некои велат, доброто биолошко оружје не би се раширило толку лесно и неселективно како што тоа го прави новиот коронавирус. Но, за политичките опортунисти и теоретичарите на заговор, зголемениот број на инфекции со „Ковид-19“, растечкиот број на починатите и вознемирувањето на масите, на секојдневните животи, создадоа плодна основа за заговор.Северна Македонија е исто така опфатена од овие теории. На неодамнешното телевизиско шоу Гордана Силјановска - Давкова, изјави дека добила порака на нејзиниот телефон за циклусот на технолошкиот развој, рече дека не можела да спие таа вечер заради „откритието“ за новата ера во 2020 година кога ќе се појави зачетокот на биотехнологијата. Таа изјави: „Наречете ме параноична, но кога го видов бројот на загинати во Вухан, 2020 година е крај на интернетот, се чини дека доаѓа новиот циклус, ера на био-свет “. Многу гледачи коментираа на нивните страници на „Фејсбук“ и ја споделија својата зачуденост од смешните тврдења што ги кажа Давкова на шоуто, додека други тврдеа дека треба да им ја препушти терминологијата на експертите. Давкова беше кандидат на претседателските избори во Северна Македонија во 2019 година и беше поразена од Стево Пендаровски.На 19 март, интернет порталот Infomax.mk во Северна Македонија, објави статија со наслов - „Коронавирусот е офанзивно биолошко оружје - наведува американски научник: Исто како и еболата, зика, лајмската болест, ова протекување не е прво, ситуацијата е сериозна“,„авторот“на статијата споделува неколку информации за д-р Френсис Ентони Бојл кој е американски адвокат за човекови права и професор по меѓународно право на колеџот за правни науки на Универзитетот Илиноис. Во истиот напис, има ексклузивно интервју дадено за „Геополитика“ и „Империја“, каде д-р Бојл разговара за појавата на коронавирусот во Вухан, Кина и лабораторијата за биосигурност од четврто ниво (БСЛ-4) од каде што верува дека избегала заразнта болест. Тој верува дека вирусот е потенцијално смртоносен и офанзивно биолошко оружје или агент на биолошко оружје со двојна употреба, генетски модифицирано за да се добијат функционални својства, поради што кинеската влада првично се обиде да го прикрие и сега презема драстични мерки за да го задржи. Лабораторијата БСЛ-4 во Вухан е исто така специјално назначена лабораторија за истражување на Светската здравствена организација (СЗО) и д-р Бојл тврди дека СЗО многу добро знае што се случува.Во истиот напис, авторот не го споделува своето мислење за теоријата на заговор, наместо тоа, има ископирани информации за тоа како Бил Гејтс е „вклучен“ во креирањето на биолошкото оружје, затоа што во едно видео за „Бизнис Инсајдер“, тој предвиде дека светот ќе се соочи со нова војна, војна со вируси! На крајот на статијата, авторот се сомничи зошто видеото на д-р Френсис Бојл е тргнато од Јутјуб, така што читателите би требало сами да проценат зошто видеото веќе не се наоѓа таму.Па, какви докази имаат приложено сенаторот Том Котон, Гордана Силјановска - Давкова и другите за да ги поддржат овие сугестии или тврдења? Окривувачки слики? Сомнителни пораки? Неколку чудни селфија? Некаков вид научни докази? Јога?Всушност, не само што има недостаток на докази кои ги поддржуваат овие теории на заговор, туку има сè повеќе силни научни докази против нив. Научниците, знаете, оние кои, всушност, се обидуваат да ја пронајдат вистината и да ги решат проблемите наместо да ги обвинуваат луѓето, спроведуваат генетски анализи за да утврдат од каде потекнува вирусот и како почна да ги заразува луѓето. Иако вирусите не се баш како луѓето затоа што тие немаат чувства и не шират гласини, вирусите имаат генетски материјал како и луѓето, освен што нивниот генетски материјал не е толку сложен како тој на луѓето.Тука се поставува прашањето - Дали научните откритија конечно ќе стават крај на реториката „вирусот е направен во лабораторија и тоа е ваша вина“ помеѓу политичарите и социјалните медиуми? Се разбира дека не! Кога науката ја запрела таквата политичка реторика? Сепак, можеби ќе натера повеќе луѓе да се фокусираат на многу поважната работа: да се обидат заедно да ја контролираат оваа пандемија. Мерал Мусли Тајроска - психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.Цртеж: Emad Hajjaj https://thebulletin.org/2020/03/why-do-politicians-keep-breathing-life-into-the-false-conspiracy-theory-that-the-coronavirus-is-a-bioweapon/#Биолошкото војување (биолошкото оружје), познато како војување со микроби, претставува употреба на биолошки токсини или заразни агенси, како што се бактерии, вируси, инсекти и габи со намера да ги убиваат или онеспособуваат луѓето, животните или растенијата како чин на војна.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО