Оригинален наслов: ВО ЕКОТ НА ИНЦИДEHTИТЕ НА КОСОВО: Претседателот Пендаровски го прими албанскиот амбасадор Фатос Река
Порталот Инфомакс објави текст, се разбира без автор, со наслов во кој стои дека во екот на инцидентите на Косово, претседателот Пендаровски го примил албанскиот амбасадор Фатос Река. Во текстот никаде не се спомнати случувањата на Косово, освен во насловот.Оригинална статија
Архивирана статија
Во текстот може да се прочита дека и Пендаровски и Река констатирале позитивен развој во односите помеѓу Албанија и Северна Македонија. Всушност, целиот текст се содржи од позитивни изјави на двајцата соговорници.
Симптоматично е тоа што само во насловот е спомнато Косово. Зошто авторот имал потреба да го спомне Косово? Каква поврзаност имаат Северна Македонија и Албанија со настаните на Косово? Единствено што е јасно е дека целта е да се поврзе средбата помеѓу Пендаровски и Река со случувањата на Косово спинувајќи во самиот наслов.
Според тоа оваа вест е оценета како кликбејт.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО