Како што рекол Розенберг, „Епидемии започнуваат во еден момент, продолжуваат на сцена ограничена во просторот и времетраењето, следат заговор на зголемена восхитувачка тензија, преминуваат кон криза на индивидуален и колективен карактер, а потоа се насочуваат кон затворање“. Оваа драма сега се игра со Ковид-19, прво во Кина, а потоа и во многу земји во светот.

Уште пред Бил Гејтс да зборува за вируси, познатите микробиолози Мекфарлан Бурнет и Дејвид Вајт, во 1972 година предвидоа дека „прогнозата за иднината на заразни болести најверојатно ќе биде многу здодевна“. Тие сметаа дека секогаш постои ризик од „неочекувано појавување на нова и опасна заразна болест, но ништо такво не ги одбележа последните педесет години“. Веројатно очекувале дека само историчарите ќе се заинтересираат за поранешните пандемии. Но, времињата се сменија. Од херпес и легионерска болест во 1970-тите, па сè до СИДА, ебола, силен акутен респираторен синдром (САРС), МЕРС и сега COVID-19, заразни болести продолжуваат да го загрозуваат и нарушуваат човечкото население. Бурнет и Вајт биле во право, историчарите навистина имаат да понудат многу, главно информации за тоа како човештвото не треба да ги повторува истите грешки.

Помина нешто повеќе од една деценија откако светот ја доживеа својата последна пандемија, свинскиот грип H1N1 во 2009 година. Според Центрите за заштита и контрола на болести од САД, во периодот помеѓу пролетта 2009 година и пролетта 2010 година, вирусот инфицирал дури 1,4 милијарди луѓе ширум светот и убил меѓу 151.700 и 575.400 луѓе. После оваа пандемија, од поновата историја, се чини разумно е да се очекува дека владините агенции во светот ќе бидат подготвени за следниот вирус. Вистината е дека, постојат неколку клучни разлики помеѓу свинскиот грип во 2009 и COVID-19 и одговорот на секој од нив.

„Пандемијата на H1N1 во 2009 година требаше да биде знак за предупредување“, рече Стефани Стратди на 19 Март за Лив Сајенс, вонреден декан за глобални здравствени науки на Катедрата за медицина на Универзитетот во Калифорнија –  Сан Диего. „Иако претходната пандемија не уби милион луѓе, како што се плашевме, таа сепак требаше да биде повик за будење. Според сите сериозни проценки, COVID-19 може да испадне масовен убиец“.

Вирусот на грип H1N1, во 2009 година беше втора пандемија во светот – првиот е шпанскиот грип во 1918 година, и сè уште важи за најсмртоносната пандемија во историјата. Пандемијата која се појави пролетта 2009 година, беше предизвикана од ново соединение на Х1Н1, со потекло од Мексико, а потоа се прошири во остатокот од светот. До јуни истата година имало доволен број на случаи на свински грип, поради што Светската Здравствена Организација прогласи пандемија.

 

Во САД, помеѓу Април 2009 и Април 2010 година, ЦДЦ проценува дека имало 60,8 милиони случаи на свински грип, со над 274.000 хоспитализации и скоро 12.500 смртни случаи – со стапка на смртност од околу 0,02%. Стапката на морталитет за новиот коронавирус е многу поголема, околу 2% (иако бројот веројатно ќе се промени, бидејќи се тестираат се повеќе луѓе). Тоа можеби не звучи како голема разлика, „но кога е екстраполиран, може да значи милиони повеќе смртни случаи“, рече Стратди.

Пандемијата на грип во 2009 година првенствено ги зафати децата и младите, објави ЦДЦ. Тоа беше невообичаено, имајќи предвид дека повеќето видови вируси на грип, вклучително и оние кои предизвикуваат сезонски грип, предизвикуваат најголем процент на смртни случаи кај лица на возраст од 65 години и повеќе. Но, во случај на свинскиот грип, постарите луѓе се чини дека веќе изградиле доволно имунитет на таа група на вируси на кои припаѓа H1N1, така што не беа засегнати толку многу.

Епидемиите на крајот се решаваат, без разлика дали подлегнуваат на општествено дејствување или го исцрпиле снабдувањето со подложни жртви. Како што рекол Розенберг, „Епидемии започнуваат во еден момент, продолжуваат на сцена ограничена во простор и времетраење, следат заговор на зголемена восхитувачка тензија, преминуваат кон криза од индивидуален и колективен карактер, а потоа се насочуваат кон затворање“. Оваа драма сега се одигрува со COVID-19, прво во Кина, а потоа и во многу земји во светот. Но, историчарите не се ограничиле само на описот на случувањата. Розенберг тврди дека епидемиите вршат притисок врз општествата што ги погодуваат. Овој вид ги прави видливи латентните структури што не може поинаку да бидат евидентни. Како резултат, епидемиите обезбедуваат уред за земање мостри за општествена анализа. Тие откриваат што навистина е важно за населението и што навистина тие ценат повеќе.

Следна тема која се поворува во историските анализи на епидемиите е дека медицинските и јавните здравствени интервенции честопати не успеваат да го исполнат своето ветување. Технологијата што беше потребна за искоренување на сипаници преку вакцинација, беше опишана во 1798 година, потребни биле скоро 180 години за да се постигне успех на тоа поле.

Теоријата на вирусот на човечка имунодефициенција (ХИВ), (повторно во теорија) можеше да се задржи и заврши во осумдесеттите години на минатиот век, но не беше така – и покрај тоа што воведувањето на ефективна анти-ретровирусна терапија во 1996 година драматично ја намали смртноста поврзана со СИДА, таа сепак не го искорени вирусот. Сѐ уште постојат огромни разлики во резултатите од лекувањето на СИДА-та, и тоа според раса, класа и пол. Како што славно изјавил историчарот Алан Брант, „ветувањето за волшебниот куршум никогаш не се исполнило“.

 

Еден познат аспект на одговорот на епидемиите е особено разочарувачки. Епидемиите премногу често посегнуваат по животите на персоналот во здравствените услуги. Доктори умирале при појавата на чума во средновековна Европа, за време на појава на жолта треска во Филаделфија во 1793 година, за време на епидемијата на ебола во 2014 година и сега во целиот свет. Иако, таквата смртност ја рефлектира подготвеноста на здравствените работници да се стават во опасност за да се грижат за другите, понекогаш вината може да се бара во владите кои бараат докторите да одговорат на предизвиците без доволен персонал, материјал, простор и добар систем, односно сѐ што е потребно за здравстените работници да бидат успешни и безбедни.

Историјата сугерира дека стравот и погрешните приоритети се всушност оние кои нè прават ранливи на многу големи ризици. Постојат многу историски примери на паника поврзани со епидемии кои никогаш не се материјализирале (на пример, грип H1N1 во 1976, 2006 и 2009 година). Од друга страна, постојат безброј други примери за тоа како општествата се грижат за одредена мала закана, додека игнорираат многу поголеми проблеми, но тоа не е случај со COVID-19.

Идниот тек на COVID-19 останува нејасен. Како и да е, граѓаните и нивните лидери треба да размислуваат внимателно, да ги проценуваат ризиците земајќи го предвид целиот контекст и да водат политика соодветна на големината на заканата. Сепак, позитивната страна на живеењето во оваа напредна технолошка ера е брзината со која може да се истражуваат и развијат вакцините. Позитивно е што, националните и меѓународните институции посветуваат поголемо внимание на потребата од парични средства во одделот за научни истражувања, со цел да се минимизира штетата.

Историјата на епидемии нуди значајни совети, но само за луѓето кои ја познаваат историјата и со мудрост одговараат на идните битки. Навистина, минуваме низ тешко време и се надевам дека ќе преживееме за да ја раскажуваме приказната.

 

Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.

 

Извори: The New England Journal of MedicineLiveScience.

Извор на слика: https://pixabay.com/photos/skull-dark-pirate-book-gun-death-1193784/

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.