Оргинален наслов на статијата: ПЛОМП СИ ОДИ: Дали холандскиот амбасадор во Македонија си заминува поради својата вмешаност во случајот ,,Peкет” ?
Порталот infomax објави текст во чиј наслов во прашална форма ги наведува читателите дека холандскиот Амбасадор во Република Северна Македонија, Воутер Пломп си заминува од државата поради вмешаност во случајот “Рекет“. Интересно е тоа што во текстот порталот наведува дека мандатот на Амбасадорот завршува на крајот на неделава.
За да го зачини текстот и да ја зголеми дозата на шпекулација, порталот користи твит од Арсим Зеколи кој редовно ја критикува власта, и неретко е пренесуван од страна на група на портали како релевантен извор на информации. Во совојот твит и Зеколи ја повикува ЕУ и нејзината агенција за гонење финансиски криминал ОЛАФ да отворат истрага за вмешаноста на Амбасадорот Пломп во оваа афера.
Покрај кликбејт, односно шпекулативниот и наведувачки наслов, порталот се обидува да го дисктредитира Амбасадорот, додека во текстот создава слика за оправдано заминување на Амбасадорот од Република Северна Македонија, поради истекување на мандатот. Сепак, во текстот го пренесува и твитот на Арсим Зеколи со што дискретно и шпекулативно ги наведува читателите дека Амбасадорот заминува поради вмешаност во аферата “Рекет“.
Со ова порталот директно и отворено објавува дезинформација , која делумно и самиот ја разобличува. Тука го додаваме и фактот дека порталот не пренесува и став на другата страна, прашањето дали истиот е побаран останува неодговорено во текстот.
Користењето на објави на социјални медиуми за да се поткрепи или аргументира некаква информација, во никој случај не треба и не смее да се смета за вистина, без притоа да се провери. Според тоа, овој шпекулативе текст е оценет како дезинформација.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО