Градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов, во интервју за грчки “Етнос“, објавен на 11.04.2020, зборуваше за спомениците во Скопје од проектот “Скопје 2014“.
Во интервјуто, градоначалникот Шилегов, уште еднаш ги повторил ставовите искажани порано дека тој се залага да се остранат спомениците и фасадите од проектот веднаш по одржувањето на парламентарните избори.
Порталот, Markukule.mk на 13.04.2020 има пренесено дел од интервјуто на градоначалникот Шилегов за “Етнос“. Насловот на веста гласи вака: Народот умира,тој ќе туркал споменици?
Се работи за тенденциозен наслов и обид да се поврзе сегашната ситуација со коронавирусот со градоначалникот на градот Скопје. Целта е да се покаже дека градоначалникот Петре Шилегов не го интересираат колку луѓе умираат во нашата земја од коронавирусот, и дека единствено на што мисли е тргањето на спомениците. Ако се прочита интервјуто на Петре Шилегов во “Етнос“ може да се види дека во ниту еден момент не е разговарано за пандемијата со COVID-19. Затоа насловот е оценет како тенденциозен и има за цел да ги наведе читателите дека нешто, во ова време невреме, ќе им се случува на спомениците од Скопје 2014.
Или, поинаку составено, изборите ќе се случат по завршувањето на вонредната состoјба што само по себе ќе значи дека состојбата со пандемијата ќе биде ставена под контрола. Во ниту еден момент, отстранувањето на спомениците не е ставен во сегашни контекст и време.
Овој текст исто така е во непосредна врска со низата лажни објави од изминатиот период дека полицискиот час е воспоставен за да се отстранат спомениците, што спаѓа во лажен наратив поврзан со пандемијата предизвикана од COVID-19.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО