Оригинален наслов: Теорија на заговор: Коронавирусот е измама, а доказ за тоа е банкнотата од 10 австралиски долариПорталот „Стандард“ објави текст со наслов Теорија на заговор: Коронавирусот е измама, а доказ за тоа е банкнотата од 10 австралиски долари, во чија содржина тврди дека коронавирусот не е вистински, односно дека е најавен пред неколку години, па според тоа се подразбира дека е измама.
Порталот во текстот се повикува на ”News.co.au“.
Имено според нив група Австралијци смета дека всушност станува збор за измама, тврдејќи дека доказот за тоа може да се најде на банкнотата од 10 долари. Овие теоретичари на заговор веруваат дека пандемијата на коронавирус е оркестрирана со цел да се вакцинираат граѓаните. Тие тврдат дека тајното општество на милијардери се обидуваат да воспостават доминација над планетата и тие планираат да го постигнат тоа преку контрола на луѓето со вакцина. Движењето ја поддржува и идејата дека антените за 5G се опасни по здравјето на луѓето и на некој начин влијаат на ширењето на вирусот корона. А сега наводно се појавува додаток на светската завера, коj може да се види на банкнотата од 10 австралиски долари. Имено, некои од теоретичарите веруваат дека печатот на банкноти има слика на КОВИД-19 во десниот агол кога се гледа под микроскоп.Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.
Разоткритие / отфрлање
Порталот, иако се повикал на извор од кој го превземал текстот, и во насловот пишува дека се работи за теорија на заговор, не се впуштил во детално разоткривање на вистината и отфрлање на оваа теорија, а со тоа само ja “засилува” истата. односно, не може да се направи јасна разлика меѓу теоријата на заговор и вистината.
Според Банката за резерви на Австралија, за карактеристиката на дизајнот се вели дека,има ефект на прелевање во боја, видливо на двете страни на банкнотата. И како што пишува и news.co.au, карактеристиката се јавува во секоја банкнота од серијата на „Следната генерација на банкноти“ со различен вид на тревка ( билка ).Со само еден клик на Банката за резерви на Австралија може да се прочита што е отсликано на банкнотите. Имено, новата банкнота од 10 долари има низа иновативни нови безбедносни карактеристики кои се специјално дизајнирани за да ја заштитат банкнотата од евентуално фалсификување. Секоја деноминација во новата серија на банкноти ќе содржи различен вид австралиска билка и родна птица во рамките на голем број безбедносни карактеристики. На банкнотата од 10 американски долари, тоа се билката Bramble Wattle (Acacia Victoriae) и птицата Sulphur-crested Cockatoo (Cacatua galerita).
Согласно ова, “спорниот симбол” во вид на Covid-19 e всушност цвеќе кое ја има формата на честичките од коронавирусот Се работи за водни цвеќиња кои што се жолти, и изгледаат вака.Како што известуваше и престижниот весник “Independent” ова цвеќе кое што е еден вид на багрем, е со потекло од Австралија. Нејзиниот близок род, златниот багрем, беше официјален цветен амблем на земјата во 1988 година. Затоа се користи и во банкнотата, поради нејзиното значење за државата.
Нашиот тим веќе разобличи уште еден ваков сличен текст кој што ширеше теории на заговор дека Англија преку банкнота го најавила ширењето на вирусот, иако самата банкнота беше едноставно отсликување на нејзиното културно и историско наследство. Ако банкнотата на Англија не го најавила вирусот, а не го најавила ниту таа на Австралија, можно е произведувачите на лажни вести да се потрудат да најдат нови елементи во други банкноти и други предмети или појави, но вие веќе сте подготвени да ја разликувате лагата од вистината.
Не споделувајте пред да проверите!
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО