Уредниците на весниците мора да се грижат да избегнат да им се дава муниција на оние кои ја гледаат пандемијата на коронавирусот како можност за дискриминација на малцинските групи. Додека Рамазан, како и другите верски прослави, како Велигден и Пасха, е под влијание на мерките на претпазливост на Ковид-19, а вистината е дека заедниците брзо се прилагодија на ситуацијата.

Изминатите неколку недели се забележуваа постојани лажни обвинувања дека муслиманите во Велика Британија не се придржуваат кон мерките за карантин со цел да се минимизира пандемијата на Коронавирус. На почетокот на Април, ХОПЕ нот Хејт извести за мноштво лажни вести инсистирајќи на тоа дека џамиите низ целата земја останале отворени, при што се крши законската регулатива.

Во Понеделникот – 13 април, „Сандеј тајмс“ испечати статија што предизвика нов бран на загриженост за тоа дали почитувањето на Рамазан може да доведе до „големо покачување“ во случаи на Ковид-19. Написот, кој упати на фактот дека Афро Американците и малцинските етнички групи се чини дека умираат од Ковид-19 со несразмерно висока стапка, содржеше цитат од консултантен нефролог во болницата „Кралицата Елизабета“ во Бирмингем, од д-р Аднан Шериф. Д-р Шериф изјави дека Рамазан традиционално значи собирање на заедницата и дека постои загриженост дека може да дојде до појава на зголемен скок во случаи доколку не се почитува социјалното дистанцирање: „За нас, Рамазан е голема загриженост. Сè што доведува до поголема социјална интеракција, е голема загриженост и Рамазан по својата природа е собирање на заедницата […] Луѓето традиционално се собираат за да отворат и затвораат молитви и прекинување на постот на зајдисонце со пријателите и соседите, што може да предизвика ширење на инфекции“.

Иако ова е секако важна точка за објавување, насловот на статијата – „Експертите стравуваат од скок во случаи на коронавирус во Велика Британија за време на Рамазан“ – и оние на другите весници што ја објавуваа приказната – беше донекаде лажен. Бидејќи тие имаа само еден цитат за ова прашање, а употребата на множина е под знак прашалник. Покрај тоа, додека медицинските професионалци треба да ги земат предвид сите ризици поврзани со ширењето на Ковид-19, нема докази дека муслиманската заедница не го сфаќа сериозно карантинот.

Другите весници избраа да одат уште подалеку со ширење на лажна вест. Од причини што се познати по себе, Метро одлучи да го промени насловот од „големиот скок“ во „огромен скок“, а потоа поради поплаки од читателите да ја отстрани придавката.

Оставајќи го настрана вклучувањето на овој погрешен цитат, склопувањето на овие приказни е важно. Рамазан може да доведе до огромен скок во случаи само ако муслиманите не се придржуваат кон социјално дистанцирање. Додека традиционалното собирање на заедницата за Рамазан би биле многу загрижувачки доколку се практикуваат оваа година, но засега нема докази дека тоа ќе се случи.

 

Џамиите и просториите во заедницата каде молитвите и ифтарите (прекинување на постот) обично би се одржувале остануваат затворени. Всушност, многу џамии ги понудија своите простории да се користат како објекти за да го ублажат притисокот врз медицинскиот персонал, болниците и смртните случаи. Една работа што е наведено во написите е точно, а тоа е дека муслиманската џаедница наоѓа нови начини за собирање за време на Рамазан, а тоа е преку онлајн подкаст, радио пренос и виртуелен ифтар.

Иницијативи како „Опен ифтар“ ќе овозможат на заедницата заедно да го прекинат постот преку Интернет, а лидерите на муслиманската заедницата изјавија дека иако заедничките молитви не се физички можни, сепак муслиманите треба да се фокусираат на добротворните цели, што е уште една важна компонента на Рамазан. Муслиманските организации, исто така, постојано објавуваат пораки за тоа како социјалното дистанцирање е дел од должноста на муслиманот и упатства како може да се поддржи борбата против Ковид-19 за време на Рамазан.

Уредниците на весниците мора да се грижат да избегнат да им се дава муниција на оние кои ја гледаат пандемијата на коронавирусот како можност за дискриминација на малцинските групи. Додека Рамазан, како и другите верски прослави, како Велигден и Пасха, е под влијание на мерките на претпазливост на Ковид-19, а вистината е дека заедниците брзо се прилагодија на ситуацијата.

 

Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.

 

Извори: Hope Not Hate

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.