Додека гледаме како светот се справува со Ковид-19, природно е да се погледне искуството на Кина, земјата од каде што започна пандемијата. Во едно истражување објавено во списанието Педијатрија, дознаваме како пандемијата влијаела врз децата. Во врска со оваа тема, на 25 март, на блогот на Харвард Хелт Блог, беше објавено пост од страна на Др. Клер Мекарти, таа е уредник на таа факултетска страна.
Истражувањето разгледува податоци за 2.143 деца заразени со КОВИД-19, тие биле пријавени во кинеските центри за контрола на болести од 16 јануари до 8 февруари оваа година. Од заразените, околу една третина биле наведени и потврдени со лабораториски тест за КОВИД-19. Другите биле дијагностицирани врз основа на симптоми и резултатите од другите тестови, како што се х-зраци.
Најдобрата вест во ова истражување е дека 90% од децата имале болест што била асимптоматска, лесна или умерена – наспроти тешка или критична. Тоа значи дека дури и ако децата биле болни, со треска и кашлица, 90% немале проблеми со дишењето, ниту им требало кислород, ниту пак требало да бидат во интензивна нега. Додека 4,4% се изјасниле како асимптоматски, со оглед на тоа дека само третина поминале низ лабораториско тестирање, голема е веројатноста дека вистинскиот број на асимптоматски инфекции кај деца во тој временски период бил поголем. За жал, до сега починале две деца на возраст од 12 и 13 години[1]. Кај возрасните, се чини дека повеќе од 80% имаат блага до умерена инфекција. Сеуште не се знае зошто децата имаат поблаго заболување. Тоа е веројатно комбинација на фактори поврзани со хемијата на телото, имунолошката функција, па дури и социјалните фактори, односно начинот на кој што се децата згрижени и го поминуваат поголемиот дел од времето во своите денови. Но, без оглед на причината или фактоите кои влијаат врз децата, сепак тоа е добра вест.
Сепак, постои дел од истражувањето на кој треба да се обрне посебно внимание: помладите деца се изложени на поголем ризик на оваа болест. Кај деца помали од една година, 10,6% имале тешка или критична болест. За деца на возраст од 1 до 5 години, тој број сè уште е висок на 7,3%. Бројката паѓа на 4,2% кај деца од 6 до 10-годишна возраст, 4,1% за деца од 11 до 15-годишна возраст и 3% за оние 16 и постари. Не е ни чудно што најмалите деца, особено новороденчињата, се поранливи. Во повеќето епидемии, како што е грип, најголем ризик имаат многу млади и постари лица.
Како можеме да ги користиме овие податоци? Покрај сите совети што веќе им се дадени на родителите за миење на рацете, социјално дистанцирање и одржување на здрави навики, родителите на малите деца треба да бидат повнимателни.
Бидете особено внимателни за тоа кој има контакт со вашите мали деца:
– Внимателно изберете ги дадилките или згрижувачите. Ограничете го бројот на видувања и одберете ги оние кои имаат ограничен контакт со други луѓе и на кои може да им се верува дека практикуваат социјално дистанцирање, редовно миење на рацете и држење подалеку ако воопшто се чувствуваат болни.
– Ограничете го бројот на луѓе кои имаат контакт со или имаат мали деца.
– Онолку колку што е можно, чувајте ги малите деца дома. Ако ги извадите, чувајте ги во колички или на друг начин ограничете го тоа што можат да го дофатат.
– Внимателно и почесто миете ги рацете на вашите најмали. Тие едноставно не можат да се воздржат да ги допираат работите и потоа да го допрат своето лице.
Бидете особено внимателно доколку малите деца се разболат:
Повикајте го вашиот лекар на телефон за совет наместо да го однесете вашето дете за блага или умерена болест во ординација (нема ништо што може вашиот лекар да направи во ординацијата и само го додавате ризикот од повеќе изложеност). Сепак, апсолутно треба да побарате медицинска помош ако вашето дете има;
– какви било проблеми со дишењето – брзо или присилно дишење, бледо или сина боја на кожата, проблеми со хранење или зборување или правење вообичаени активности заради проблеми со дишењето
– висока температура која што не можете да ја симнете
– невообичаена поспаност
– болка или раздразливост која што не можете да ја смирите
– проблеми со пиење или одбивање на течности и помалку уринирање
Пред се, заштитете се себеси и не кревајте паника, при што ќе ги заштитите и вашите најблиски.
Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.
Извор: https://www.health.harvard.edu/
[1] https://www.euronews.com/2020/03/31/coronavirus-doctors-devastated-as-covid-19-claims-life-of-12-year-old-girl-in-belgium
Image Credit: https://pixabay.com/illustrations/medical-doctor-virus-coronavirus-4929813/
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО