Дезинформација бр:
Дата:
Извор:
Време на читање:
мин.
ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Оригинален наслов:
КОВИД- 19 НЕ Е ВИРУС: ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПРВИ ГО ПРОНАЈДОА ЛЕКОТ ЗА КОРОНАВИРУС?На 08.07.2020, порталот
Магазин.мк објави текст во кој изнесе шпекулативно тврдење дека КОВИД 19 не е вирус, туку е тромбоза која е предизвиката од бактерија и се лекува со апсирин. Авторот пишува: „
Италијанските лекари не го почитуваа глобалниот закон за здравство на СЗО, кој препорачуваше да не се извршуваат обдукции на оние што починале од коронавирус и откриле дека тоа не е ВИРУС, туку бактерија што предизвикува смрт! Таа доведува до згрутчување на крвта и смрт на пациентот.Така, Италија веќе победи на т.н. Ковид-19, што не е ништо повеќе од „нормална интраваскуларна коагулација“ (тромбоза).„И начинот да се справиме со него, односно неговиот третман, е“ антибиотици, антиинфламаторни лекови и антикоагуланси. „Пред се- АСПИРИН…“ Линк до оригиналната статијa
тука.
РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Објавениот текст е дезинформација и во себе интегрира неколку теории на заговор.Пласираните теории во текстот не се нови, туку се рециклирани. Преку социјалните мрежи, тие веќе циркулираа и претходно.КОВИД 19 ниту е тромбоза ниту е предзивикан од бактерија. Оваа конкретна порака веќе е разобличена преку проверувачите на факти:
Ројтерс,
AP news ,
Africacheck.org и
Faktograf.hr.И во претходните обиди да се протне оваа теорија на заговор, се вметнуваше следново:
СЗО ја идентификуваше и елиминираше глобалната пандемија. Лекот веќе беше познат, но СЗО не го пријави на Кинезите ?? Во склоп на оваа манипулација
, се пренесува дезинформацијата дека СЗО забранила да не се врши обдукција на починатите.Текстот кој го анализираме, погрешно ги претставува информациите од
италијанското истражување во кое медицински експерти вршеле обудкција на пациенти со КОВИД 19. Студијата открива дека КОВИД 19 може да предизвика згрутчување на крвта, што може да ги оштети белите дробови. Во студијата прецизно се укажува дека КОВИД 19 е вирус.Манипулативен е и обидот дека студијата е направена против глобалниот закон за здравство на СЗО. СЗО нема глобален закон, туку нуди
препораки за вршење на обдукција врз починати. Според насоките од тие препораки, обдукциите може да се извршат со прецизно следење на
безбедносните мерки.КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 вирусот. Вирусот е причинител на акутното вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и по пат на дроплети/капки (кивање, кашлање и слично).КОВИД 19 не е тромбоза, но може да предизвика згрутчување на крвта.Според медицинскиот директор на
Tromboza UK која се занимава со информирање на јавноста за оваа болест, Беверли Хант кој тоа го објаснува за
British Medical Journal, КОВИД 19 предизвикува силно воспалување кое предизвикува создавање на (протеин) цитокин, кој пак, го засилува создавањето на факторите за згрутчување во црниот дроб.Италијанските научници навистина истражувале за тромбозата кај заболените од КОВИД19, но во насока на компликациите кои болеста може да ги предизвика.Веќе подолго време се зборува за тоа дека лековите кои се препорачани против згрутчување на крвта, се употребуваат во терапиите кај тешките случаи од КОВИД 19. Во таа насока, точно е дека
Аспиринот ја
разредува крвта. Но, тоа никако не значи дека тоа е сигурниот лек кој може да се купи без рецепт во секоја аптека.
Научниците сметаат дека постои можност аспиринот или слични лекови за разретчување на крвта да ги намалат стапките на смртност кај пациентите од КОВИД 19, но тие не се опишани како лекови за КОВИД 19. Не постојат научни докази дека аспиринот е лек за КОВИД 19.Ќе потсетиме и на
апелите луѓето да не користат самоиницијативно лекови за КОВИД 19. Ни
италијанското министерство за здравство нема официјално препорачано лекување на ваков начин.Известувањето за КОВИД-19 е прилично комплексна задача, поради која од медиумите се очекува да бидат особено внимателни. Во таа насока, беше изработен и
прирачник од страна на ЗНМ и Советот за етика во медиумите кој содржи насоки за безбедно и професионално известување за коронавирусот. И
министерството за здравство побара внимателност во поглед на објавување на податоците кај медиумите.
Пласираниот текст е обид за манипулација, во кој се вметнати повеќе теории на заговор кои се однесуваат на КОВИД-19. Пласираните дезинформации можат да придонесат за погрешно информирање на јавноста. Ширењето дезинформации во тек на епидемија или пандемија на болести може да доведе до сериозни последици. Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст како манипулативен, сензационалистички и непрофесионален.