Над 1400 луѓе се притворени во текот на протестите кои се одржаа во Русија. Протестите се одржуваат поради забраната на опозициските кандидати за време на локалните избори во септември 2019.  Авторитети со приведувањата, сакаат да го уништат бранот на расположението за протестирање, кој го вознемирува Кремљ пред изборите закажани за 08.09.2019.Во саботата на 27.07.2019 многу Руси излегле на протести, барајќи фер избори. Прецизната бројка не е дефинирана, но според фотографиите и видео материјалите, станува збор за  бројка која не е за потценување.Според полицијата, на протестите се собрале околу 3.500 луѓе, меѓу кои се  и 700 новинари.Во акцијата во Москва, на сослушување е повикан и главниот уредник на водечката независна телевизија. Полицијата направила и рација во оваа телевизија, која протестите ги пренесувала во живо.Изненадувачкиот бран на протести е најголем досега, по 2012, кога повеќе месечните незадоволства кулминираа во митинг на московскиот плоштад, каде Путин бил инаугуиран за нов претседателски кандидат. По овој митинг, полицијата ги пресретна демонстрантите, а голем број од нив добија големи затворски казни.imageЕУ  преку портпаролот Маја Коцијанчич ја критикуваше Русија поради  несоодветна употреба на сила против демонстрантите, нагласувајќи дека  преземените активности се против фундаментални слободи на изразување, здружување и собирање. Од Русија се очекува да создаде услови за демократски процес при претстојните локални избори во инклузивно политички окружување.Алексеј Навални кој важи за најпознатиот опозициски лидер во Русија, се наоѓа во затворската болница во Москва. Тој е осуден на затвор 30 дена, поради повикот на протестите, кои се одржаа во саботата на 27.07.2019. Според неговата портпаролка, Навални во болница е примен со отечено лице и црвенило по телото, иако претходно никогаш немал алергиски реакции. Еден од неговите лекари, изјавил дека неговата состојба е резултат на штетни ефекти, предизвикани од недефинирани хемиски супстанци.Полицијата  во акцијата против протестите имала низа планирани активности, меѓу кои и посетите во домовите на неколку опозиции личности, за кои имале потерници за апсење.Според директорката на Амнести Интернешнал во Русија, Наталија Звагина, руската влада  се обидела да ги задуши протестите со  низа мерки. Блокирани биле приодите до Москва, се користеле разни закани. Полицијата користела палки при насилните обиди да ги спречи демонстрантите.Протестот покажа дека Москва не е подготвена да дозволи мирни собири. И овојпат е употребана истата формула на Кремљ, произволни апсења, насилство и расплинување на толпата. Времето ќе покаже дали овој обид за задушување ќе биде успешен или ќе прерасне во нови изрази на насобрано незадоволство.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.