Русија го доби медиумското внимание. Светот ги впери очите кон протестите. Со цел да спречи истекување на тековната криза надвор од земјата, Кремљ ја активираше пропагандната кампања чија цел е дезинформирање, но и пренасочување на вниманието од протестите.Според анализата на euvsdisinfo.eu во игра се неколку наративи:

  • Демонстрантите во Москва, не се од Москва

  • Мал број на учесници на протестите

  • Странски заговор како опасно влијание кое поттикнува протести

 Демонстрантите во Москва, не се од МоскваЕден од клучните наративи  е дека протестантите не се од Москва. Стратегиски на овој начин, Кремљ сака да наметне став дека некој сака да ги украде изборите во Москва.  Платени провокатори, луѓе кои не се локални гласачи, се линиите кои се пресретнуваат како сценарио кое се провлекува во официјалните изјави.Обидите за дискредитирање на демонстрантите беа оспорени. Ова придонесе некои од материјалите кои беа пуштени во оптек, како дел од оваа стратегија, да бидат повлечени.Мал број на учесници на протеститеОспорувањето на бројката е клучна алатка која се користи во стратегијата на Кремљ. Целта е да се минимизира ефектот, во насока на прикажување на недоволен интерес за протестите. Официјалните бројки се движат од околу 3.500, наспроти 10.000  протестанти за кои говорат независните медиуми.Странски заговор како опасно влијание кое поттикнува протестиНационалната тв мрежа, наклонета кон Кремљ, емитувала 25 минутна документарна програма во која обвинува дека демонстрантите кои протестирале, се дел од странски заговор. Платен странски заговор, чија цел е поткопување на руското општество. Ова е пораката која се праќа до јавноста за протестот и протестантите.„Мириса како Сорос“ е наративот преку кој  западните социјални медиуми се преставуваат како парче од глобалното зло.Пропагандата на Кремљ во Русија и странствоСветот веќе го препознава сценариото на Кремљ како еден од најсофистицираните и најразвиените методи на пропагандата и дезинформирањето. На почетокот беа подготвени за манипулација со руската јавност.Без разлика дали пропагандата е насочена за употреба во земјата или надвор од неа, целта останува иста. Подвоеност и поларизација на општеството се главните таргети.Оваа методологија се практикува за кризи во Русија, но и за влијание кога има избори во Европа или САД. Публиката е различна, но фокусираноста кон целите останува непроменета. Веќе лесно се воочува методологијата која како дел од својата стратешка пропаганда, Кремљ ја употребува секогаш кога таргетира. Во фокусот секогаш е манипулацијата на широката јавност. Извор: euvsdisinfo.eu
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.