Многу дезинформации протекоа низ медиумите за случајот „Рекет“. Тимот на F2N2 регистрираше дел од нив. Би сакале да истакнеме дека освен бројните шпекулативни и дезинформативни наративи, она што исплови на површина кај медиумите за овој случај е речникот, со кој комуницираа голем дел од медиумите.Медиумите мора да внимаваат на културата на говорот и етиката. Новинарите треба да ги пренесуваат информациите, но притоа да ги почитуваат професионалните стандарди и етичките принципи, со цел информациите кои ги презентираат на јавноста, да бидат објективни и точни.Извршен претрес кај обвинителката Лиле Стефанова, обвинителство демантираОваа шпекулација ја објави Плусинфо на 15.07.2019 во 22: 56. Но, потоа ја обнови, дополнувајќи ја со информација од Обвинителство и изјавата на Стефановска, која за медиумите кажа дека ова не е точно. Дезинформацијата ја пренесоа неколку медиуми.Линк до објава: ПлусинфоАрхива на објави: Нетпрес, Сигнал, Пресцентар, Вечер.прес, Бриф, Прес24Полицијата врши претрес во домот на Катица ЈаневаОваа дезинформација во медиумите ја објави Канал 5. Ја пренесоа многу медиуми. Различни шпекулации ја надополнуваа оваа дезинформација.Дезинформацијата беше демантирана од ОЈО, од каде посочија дека на Катица Јанева и е одземен мобилниот телефон. ОЈО не го посочи името на обвинителот кој е дел од случајот „Рекет“, но откри дека одземениот телефон на Јанева е со цел да се утврди дали постои поврзаност на обвинителот со Бојан Јовановски, кој е првоосомничен во овој случај.Лиле Стефанова уапсенаШпекулацијата првично е пласирана на приватен профил на лицето Александар Диневски, преку социјалните мрежи. Но, по брзиот демант за медиумите, и самиот Диневски ја избриша од својот профил.Боки имал обезбедување од МВРВо емисијата „Код“ директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, изјавува дека врз основани сомнежи лицето Бојан Јованоски користел службено обезбедување од МВР (од почетокот на годината), поради закани по неговата безбедност заради емитување на серијата емисии “Инсајдер“, при што АВМУ побарала од МВР информација да ја провери вистинитоста на истата.Оваа информација се превзема и спинува од страна на поголем дел на медиуми при што се добива впечаток дека споменатото лице всушност имало службено обезбедување. На овој спин реагираа МВР, со одговор кон директорот на АВМУ по што следеше реакција и од директорот на АВМУ Зоран Трајчевски. Во овој случај преку спин се злоупотребени “КОД“ и Зоран Трајчевски.Шифрата на телефонот од КатицаСо сензационалистички наслов, кој нема никаква цел, освен дискредитирање, порталот Скопје 1, пренесе реакции од приватни профили на социјалните мрежи. Пренесувањето на ставови од социјалните мрежи, нема никаква новинарска вредност, затоа што станува збор за лични ставови на поединци. Плус, самиот наслов е неетичен, а освен сензацијата со која се сака да се постигне брзо кликање, не нуди ни објективна, ни точна информација. Напротив, ваквиот говор во медиумите, со кој се поттикнува лична дискредитација е неетичен. Културата на говор во медиумите е многу важна.Катица Јанева побегналаОваа дезинформација се појави по прес конференцијата на претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. Шпекулацијата лесно ја прифатија дел од медиумите. Порталот Инфомакс се потруди да ја збогати со низа дополнителни дезинформации.Порталот Скопје 1 пак, повторно во својот препознатлив стил, ги искористи социјалните мрежи и низ говор кој е недозволив за медиум, придонесе за ширење на оваа шпекулација.Ширењето на дезинформациите беше спречено со прес конференцијата на самата Јанева. Овој настан пак, беше злоупотребен за бројни написи, преку кои се дискредитираше Јанева.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО