Овој извештај ги анализира главните наративи поврзани со руската пропаганда, влијание и дезинформации во Северна Македонија во периодот јули – септември 2022.  

Се гледа промена во промоцијата на стратешките наративи на Кремљ кои се наменети за глобална употреба, споредено со првиот мониторинг период, сепак, трендовите за овој регион остануваат исти, односно (1) Балканот преку различни основи е редовно присутен во изјавите на високите официјални претставници на Русија (2) Руските наративи се прилагодени на локалниот контекст вклучително и наративот НАТО/Западот се обидуваат да ги раздвојат Словените/православните христијани (3) Промоција на концептот на неутралност, во која предничи Србија но и солидната покриеност и промоција на 14-от Самит на БРИКС, обата злоупотребени во поддршка на Русија.

Вкупно 1.085 статии или содржини на Фејсбук кои не се поврзани со статии се дел од оваа анализа. Статиите се објавени од 119 портали, споделени и амплифицирани преку 2.382 поста на 364 Фејсбук страници и групи со 15.668.572 следбеници предизвикувајќи вкупно   241.097 интеракции.

Наративите поврзани со Руската инвазија на Украина се групирани во пет генерални теми: (1) Настани поврзани со Руската инвазија на Украина (2) Економски последици од санкциите (3) Закани од Русија (4) Воена помош на Украина и (5) Разно. Поради тоа што одредени случаи се разнострани и опфаќаат и по неколку сегменти од горенаведените теми постои преклопување, па поради тоа се додадени 2 теми кои ги елаборираат анти-Западните наративи, како дел од петте главни теми, како и наративи со регионален контекст кои се во посебна база на податоци од горенаведените теми.  

Како што може да се види од графиконот, за разлика од првиот извештај, каде Оправдувањето на не-испровоцираната руска агресија врз Украина привлече најмногу внимание по бројот на интеракции, во овој период, доминантна тема се Настаните од руската агресија врз Украина, која исто така е водечка и во останатите категории. Во рамките на оваа тема наративот Русија не се бори со полн капацитет го предизвика најголемиот број на интеракции.  

Бројот на статии и Фајсбук објави во темата Економски последици од санкциите бележи голем подем во овој период, што укажува на стратегијата на Кремљ да води пропаганда војна која се однесува на тоа дека квалитетот на животот се влошува како и економската ситуација во европските држави. Сето ова алудира на тоа дека Русија не е засегната од санкциите што претставува дисторзија која има за цел да ги претстави санкциите како причина за економската и енергетската криза а не Руската инвазија врз Украина. 

Во овој извештај, наративите, до одреден степен, ја продолжуваат генералната приказна од претходниот период а тоа е дека Западот го испровоцира конфликтот помеѓу Русија и Украина, сепак Русија не се бори со полн капацитет, но ако е неопходно, ќе користи нуклеарно оружје. НАТО/Западот се обидуваат да ги раздвојат Словените/православните христијани, и Западот е злобен, затоа Русија ќе го води остатокот од светот против “Антихристот“, бранејќи го православието и традиционалните вредности, преку употреба на сите можни средства. Во меѓувреме, Санкциите го повредуваат Западот повеќе отколку Русија. Интересно е да се напомене дека наративот Донбас е Русија од претходниот период продолжува, со тоа што сега Русија тврди дека референдумите кои се одржаа на овие територии се легални и дека овие територии и припаѓаат на Русија. Ова е дел од стратешката цел на Кремљ за промоција и воскреснување на царска Русија или бившиот Советски сојуз.

Како што е претставено, се гледа промена во промоцијата на стратешките наративи на Кремљ кои се наменети за глобална употреба, споредено со првиот мониторинг период, сепак, трендовите за овој регион остануваат исти, односно (1) Балканот преку различни основи е редовно присутен во изјавите на високите официјални претставници на Русија (2) Руските наративи се прилагодени на локалниот контекст вклучително и наративот НАТО/Западот се обидуваат да ги раздвојат Словените/православните христијани (3) Промоција на концептот на неутралност, во која предничи Србија но и солидната покриеност и промоција на 14-от Самит на БРИКС, обата злоупотребени во поддршка на Русија.

Настани поврзани со руската инвазија на Украина

Во рамките на оваа тема анализирани се вкупно 565 статии или содржини на Фејсбук кои не се поврзани со статии. Овие статии се објавени од страна на 102 портали, споделени и амплифицирани преку 1.164 поста на 274 Фејсбук страници и групи со вкупно 13.124.773 следбеници предизвикувајќи 88.935 интеракции.

Ова е темата со највисок број на регистрирани интеракции. Во рамките на оваа тема нотирани беа три главни наративи кои беа најдоминантни во овој период: (1) НАТО/Западот го испровицираа конфликтот помеѓу Русија и Украина, (2) Русија не се бори со полн капацитет и (3) Северна Македонија е легитимна цел за Русија.

Наративот НАТО/Западот го испровоцираа конфликтот помеѓу Украина и Русија беше присутен во јули и септември. Истиот, беше промовиран преку пренесување на изјави кои го претставуваат НАТО како зол и непријател на “нормалниот свет“ дополнет со обидот за дисторзија да се претстави САД како држава која е/била вклучена во најголем број војни во историјата и дека е вистинска закана за глобалниот мир. Руските официјални лица исто така, ја обвинуваа САД како одговорна за војната во Украина преку изјави дека “специјалната воена операција“ е насочена кон “елиминирање на директните закани по безбедноста на Руската Федерација кои САД и нејзините сателити ги создаваат на територијата на Украина, години наназад“. Уште една нишка од овој наратив е тврдењето дека “експанзијата на НАТО на исток е спроведена спротивно на гаранциите дадени на советските лидери“, и истото беше промовирано од локални про-Руски гласови.

Наративот “Русија не се бори со полн капацитет“ предизвика најголем број на интеракции и беше присутен во јули и август 2022. Во јули овој наратив, беше промовиран од страна на рускиот Претседател Путин преку изјавата дека тие “сеуште не започнале со сета сила [со инвазијата]“ додека пак во август наративот беше промовиран од страна на рускиот Министер за одбрана Шојгу преку тврдењето дека инвазијата е успорена за да се намали загубата на човечки животи. Сепак, скоро идентична изјава на Шојгу е регистрирана во Мај 2022, по повлекувањето на руската армија од Киевската област во текот на април 2022, што го прави ова очигледен обид да се оправда неуспешната инвазија до тогаш а и до денешен ден. Само за споредба, на почетокот на инвазијата, прогнозите на про-Руските гласови беа дека Киев ќе падне за 72 часа.  

Наративот Северна Македонија стана легитимна цел за Русија беше предизвикан од донацијата на Воена помош од страна на Северна Македонија за Украина. Најпрво, портпаролката на руското Министерство за Надворешни работи Захарова ја опиша донацијата како “голема грешка“ за потоа овој наратив да биде превземен од страна на официјални лица на политичката партија Левица како и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес (СМК) Тодор Петров. Левица тврдеше дека донацијата ќе ја ослаби Армијата додека пак пратеникот од оваа партија Борислав Крмов успеа преку говор на поделби на овој настан да му даде меѓуетничка димензија. Од друга страна, Тодор Петров го промовираше концептот на неутралност [неврзани] со апел до САД и НАТО да ја сопрат воената помош и поддршка за Украина  и да престанат да ја користат нејзината територија.

Економски последици од санкциите

Вкупно 227 статии или содржини на Фејсбук кои не се поврзани со статии беа анализирани во рамките на оваа тема. Статиите објавени од страна на 67 портали беа споделени и амплифицирани преку 557 постови на 195 Фејсбук страници и групи со 9.258.404 следбеници притоа предизвикујќи 61.432 интеракции.  

Покрај руските официјални лица, куриозитет за овој наратив е тоа дека е промовиран и од официјални лица на ЕУ земји членки. Рускиот Претседател Путин го обвини Западот за наводното уништување на глобалната економија преку санкциите, додека Русија е безбедна, заклучувајќи дека “економскиот блицкриг (blitzkrieg)“ пропаднал. Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на прекин на санкциите, тврдејќи дека економската и енергетската криза се предизвикани заради политиките на Брисел. Изненадувачки е тоа што овие изјави на Орбан се многу слични со оние дадени од страна на Заменикот Шеф на Советот за безбедност на Русија, Дмитри Медведев. На пример, двајцата изјавија дека Европа си стрела во градите / во главата со санкциите.  Овој наратив го продолжија и го засилија и други официјални лица од Унгарија. Спикерот на унгарскиот Парламент Ласло Ковер, на пример, изјави дека ЕУ работи против своите економски интереси, додека Министерот за надворешни работи на Унгарија Сијарто изјави дека Европа повеќе страда од санкциите споредено со Русија. 

Во рамките на оваа тема, забележан е еден доминантен наратив – Санкциите повеќе му наштетуваат на Западот отколку на Русија. Овој наратив беше пристуен во текот на целиот период и беше најсилен во поглед на интеракции во текот на јули. Посебност за овој наратив во поглед на трендот е дека во претходниот период истиот не беше толку застапен, додека сега е еден од најсилните. Наративот беше промовиран преку статии за наводното проширување на БРИКС со прием на повеќе членки и со тврдења дека ова ќе претставува пресврт во светскиот поредок. Овој наратив има неколку цели: (1) Величење на руската економија (2) Воспоставување на нов светски поредок во кој Истокот односно Русија ќе има доминантна улога (3) Поттикнување на анти-Западно расположение и (4) Имплицирање дека Турција ‘ќе му зарие нож во грб’ на НАТО.

Покрај руските официјални лица, куриозитет за овој наратив е тоа дека е промовиран и од официјални лица на ЕУ земји членки. Рускиот Претседател Путин го обвини Западот за наводното уништување на глобалната економија преку санкциите, додека Русија е безбедна, заклучувајќи дека “економскиот блицкриг (blitzkrieg)“ пропаднал. Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на прекин на санкциите, тврдејќи дека економската и енергетската криза се предизвикани заради политиките на Брисел. Изненадувачки е тоа што овие изјави на Орбан се многу слични со оние дадени од страна на Заменикот Шеф на Советот за безбедност на Русија, Дмитри Медведев. На пример, двајцата изјавија дека Европа си стрела во градите / во главата со санкциите.  Овој наратив го продолжија и го засилија и други официјални лица од Унгарија. Спикерот на унгарскиот Парламент Ласло Ковер, на пример, изјави дека ЕУ работи против своите економски интереси, додека Министерот за надворешни работи на Унгарија Сијарто изјави дека Европа повеќе страда од санкциите споредено со Русија. 

Овој тип на комуникација (испраќање на пораки) и наративите кои се пласираат резонираат со граѓаните на Северна Македонија поради погрешните перцепции, погрешните концепции и погрешните убедувања кои се длабоко вкоренети во општеството а се однесуваат на “Движењето на неврзаните“ и “Големината на Русија“ како и несонованото величење на вистинската економска моќ на БРИКС како “персонификација„ на Евроазија.

Воени закани од Русија

Вкупно 126 статии или содржини на Фејсбук кои не се поврзани со статии беа анализирани во рамките на оваа тема. Статиите беа објавени од 57 портали и на Фејбук, споделени и амплифицирани преку 273 постови на 143 Фејсбук страници и групи со 7.831.608 следбеници предизвикувајќи 18.480 интеракции.

Оваа тема не беше застапена како останатите, но важна е да се спомне, поради сериозната моментална ситуација со војната како и потенцијалот таа да ескалира во нуклеарен конфликт. Следните три наративи се окарактеризирани како главни: (1) По падот на Киев војната ќе се прошири надвор од границите на Украина (2) Нуклеарни закани и (3) Ќе има нов Советски сојуз.

Наративот Киев е завземен, војната ќе се прошири надвор од границите на Украина беше промовиран во јули, од страна на чечнскиот диктатор Кадиров, кој е редовно присутен во онлајн просторот во Северна Македонија, со портрет на “бестрашен“ и “силен“ воин и лојален сојузник на Путин.

Нуклеарните закани беа присутни во текот на целиот мониторинг период. Овој наратив беше промовиран преку промоција на САРМАТ – 2 интерконтиненталната балистичка ракета, како и преку закани искажани од страна руски официјални лица кон низа европски држави, САД и Велика Британија. Помеѓу овие официјални лица изјавите на Дмитри Медведев беа најзапазени и најчести.

Друг наратив кој беше искористен за испраќање на директни закани кон соседните држави на Русија беше Ќе има нов Советски сојуз, промовиран од страна на рускиот Министер за одбрана Шојгу, кој изјави дека “се гради нов поголем и посилен Советски сојуз“. 

Величeњето на Русија и нејзините воени особености беа пренесувани од страна на порталите без претходен контекст, со што се продолжува трендот на руската пропаганда да ги промовира истите оружја по неколку пати, додека во реалноста руското оружје кое се користи во Украина во повеќе наврати е опишано како “не ефикасно“, “застарено“ и “не ги исполнува барања на модерното војување“.

Анти-западни наративи

Анти-западните наративи беа исто така поврзани со руската инвазија врз Украина. Најдоминантни од сите беа следните: (1) НАТО/Западот сакаат да ги раздвојат Словените/Православните христијани, (2) Западот е зол и (3) НАТО е сатанистичка организација.

Сите овие наративи на оваа тема целат кон обединување на Православието и Исламот против “заедничкиот непријател“ – ЕУ и западните вредности, со акцент на Европските вредности.

Наративот НАТО/Западот се обидува да ги раздвои Словените/Православните христијани беше промовиран во јули од страна на рускиот Министер за надворешни работи Лавров, кој ги обвини САД дека се против Православните луѓе на Балканот. Од друга страна, белорускиот Претседател Лукашенко ги обвини НАТО и Западот за распадот на Југославија и истакна дека НАТО се вметна помеѓу Словенските нации и ги спротивстави помеѓу себе. Ова е дел од стратешкиот наратив на Русија за Балканот кој укажува на “Словенско-Православно братство“.

Наративот Западот е зол беше употребен од Претседателот Путин во август, во говор во кој тој кажа дека е повикан да го спаси светот од злиот Запад. Овој наратив е во комплетна согласност со мислењата на западните експерти од раните денови на инвазијата а тоа е дека Путин раководи со оваа инвазија водејќи се од својот синдром на спасител (Месија).

НАТО е сатанистичка организција е сличен наратив со претходниот. Беше промовиран од страна на чечнскиот лидер Рамзан Кадиров, кој ја обвини алијансата за потикнување конфликти дека е против земјите со традиционални вредности, продолжувајќи ги навредувачките анти-Западни наративи на неговите подредени кои имаат религиозни пораки како што се “Света војна“, “Антихрист“ и последниот “Сатана“. 

Сите овие наративи на оваа тема целат кон обединување на Православието и Исламот против “заедничкиот непријател“ – ЕУ и западните вредности, со акцент на Европските вредности.

Наративи со регионален контекст

Српскиот Претседател Вучиќ и членот на претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик беа најзастапени во онлајн просторот во рамките на оваа тема.

Тензиите во односите помеѓу Косово и Србија беа една од основите за големо присуство на српскиот Претседател Вучиќ во онлајн просторот во Северна Македонија во овој период. Во јули, преку тврдењето дека Западот ќе преговара со Путин, тој имплицираше дека Западот води војна со Русија а не Украина, прикажувајќи го Западот како одговорен за војната, па со тоа и го засили овој наратив на Кремљ.  На средина од овие тензии кон крајот на Август, тој тврдеше дека во Косово има ексремисти од Чеченија (батаљонот Дудаев кој се бори на страната на Украина) и дека тие на Косово заговараат убиство на Косовски Срби, повикувајќи го НАТО да ги спречи упадите на специјалните единици на Косово на северот од Косово. Тој исто така објави и дека ќе испрати писмо до КФОР во Косово со прашање “зошто не ги штитите луѓето кои се малцинство, зошто им помагате на Албанците да го угнетуваат тоа малцинство?“. На почетокот на Септември, тој го продолжи овој наратив, велејќи дека Србија никогаш нема да го признае Косово и дека тој нема да дозволи да се случи “погром“. Вучиќ исто така ја искористи енергетската криза да се прикаже како пријател на Северна Македонија, велејќи дека Србија ќе обезбеди гас за Северна Македонија за зимата,  што всушност претставуваше трговија [доколку се постигне договор] – Србија ќе обезбеди гас за Северна Македонија, а за возврат, Северна Македонија ќе обезбеди електрична енергија за Србија, што само по себе укажува дека не станува збор за помош што и е обезбедена на Северна Македонија од страна на Србија.

За време на Септември, српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик беше солидно присутен во македонскиот онлајн простор со изјави кои носат анти-Западен сентимент и опасен наратив за поделба на БиХ. Тој изјави дека Западот подготвил напад на Луганск и Доњецк со Украинските сили, ги обучувал нивните војници и испратил сериозна бројка на платеници, па затоа Русија била приморана да возврати. Дополнително, тој отворено ја подржа руската агресија врз Украина, велејќи дека било неопходно да се заштитат Русите во Украина, па така го засили овој Руски наратив во регионот. Тој исто така направи споредба со Босанските Срби велејќи дека Христијанската и Муслиманската заедница неможат да живеат заедно, па така Србите имале “природна“ желба да се придружат на Србија и дека ќе одземат половина од територијата на БиХ. Тој заклучи дека дека сето ова е дел од војната која Западот ја води против православието а во тоа има улога Меѓународната заедница, односно Западот на Балканот а особено во БиХ. Заедно со тензиите на релација Косово-Србија во тоа време, овие изјави предизвикуваат немир и влеваат страв низ целиот регион.  

Статистика

ТОП 5 случаи по број на статии, опсег и интеракции

ТОП 10 портали според бројот на статии и ТОП 10 Фејсбук страници/групи според бројот на објави (статии и останата Фејсбук содржина)

Највисоко рангираните 10 портали [всушност 13 на број] or 10,1% од вкупниот број на портали, објавиле 41.4% од вкупниот број на статии (449 од 1.085).

Топ 10 Фејсбук страници и групи [исто така 13 на број] претставуваа 3.6% од вкупниот број регистрирани страници и групи на Фејсбук во овој период, објавиле 24.4% од вкупниот број на статии [581 од 2.382 објави (статии)].

Author Image

FN ТИМ

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.