Покрај стратешките наративи од Кремљ кои се за глобална упортеба, забележани се следните трендови: (1) Балканот, преку различна призма, е редовно присутен во изјавите на Руските официјални лица (2) Руските наративи се прилагодени на локалниот контекст и (3) Концептот на неутралност, најмногу промовиран од Србија, беше злоупотребен во поддршка на Русија.
Овој извештај ги анализира руските главни дезинформативни наративи пристуни во онлајн просторот во Северна Македонија во периодот април-јуни 2022.
Вкупно 643 статии или содржини на Фејсбук кои не се поврзани со статии се дел од оваа анализа. Статиите беа објавени на 108 портали и на Фејсбук, споделени и амплифицирани преку 1.572 објави на 305 Фејсбук страници со вкупно 14.249.273 следбеници при тоа предизвикувајќи 178.833 интеракции на Фејбук.
Наративите се групирани во пет генерални теми: (1) Настани поврзани со руската инвазија на Украина (2) Оправдување на агресијата (3) Закани од Русија (4) Анти-западни наративи и (5) Глорификација на Русија.
Како што може да се види од табелата, не-испровицираната агресија од страна на Русија врз Украина и оправдувањето на истата предизвикаа најголемо внимание во овој период. Настаните поврзани со Руската агресија врз Украина беа пренесени од најголем број на портали, споделени на најголем број на Фејсбук групи со најголем број на следбеници, додека пак Оправдувањето на руската агресија врз Украина е со најголем број на статии, објави на Фејсбук и интеракции.
Наративите формираат компактна целина која може да биде посочена како генерален наратив Западот ја примора Русија да ја нападне Украина. Присуството на “нацизмот во Украина“ е исто така една од “грижите на Русија“, која се бореше и го „порази нацизмот во Втората светска војна“ и е подготвена да го стори тоа повторно. НАТО и Западот претставуваат закана за Русија, поради тоа Супериорната Русија мора и ќе успее да се одбрани, е исто така еден од наративите препознаени во овој период. Исто така, Русија тврдења дека Крим и Донбас се нејзини територии се дел дел нејзините стратешки цели за воскреснување на Царска Русија или поранешниот Советски Сојуз.
Покрај стратешките наративи од Кремљ кои се за глобална употреба, следните три тренда се забележани: (1) Балканот, преку различна призма, е редовно присутен во изјавите на Руските официјални лица (2) Руските наративи се прилагодени на локалниот контекст и (3) Концептот на неутралност, најмногу промовиран од Србија, беше злоупотребен во поддршка на Русија.
Настани поврзани со Руската инвазија на Украина
Вкупно 163 статии или содржини на Фејсбук кои не се поврзани со статии беа анализирани во рамките на оваа тема. Статиите се објавени од 73 портали и на Фејсбук, споделени и амплифицарани преку 377 објави на 214 Фејсбук страници и групи со вкупно 11.429.334 следбеници достигнувајќи 29.548 интеракции на Фејсбук.
Наративот за неутралност беше присутен уште од почетокот на агресијата и најмногу беше промовиран од страна на Србија и нејзините официјални лица. Во рамките на мониторинг периодот, овој наратив беше нотиран во статии кои пренесуваа пораки дека Воената помош за Украина ќе ги наруши односите на Северна Македонија со Русија, како и преку пораките дека Србија треба да остане неутрална. Обете пораки се дел од напорите на про-руската партија Левица да го провира концептот на неутралност во Севрна Македонија, кој во контекст на овој регион претставува еден од стратешките интереси на Русија.
Наративот Битката за Мариупол беше еден од најконстантните бидејќи беше присутен скоро во целиот период на монитринг. Овој наратив е со најголем број на интеракции во рамките на оваа тема. Наративот вклучуваше полу-вистини за присуство на “странци“ во Мариупол односно дека Руските сили наводно убиле “дузина странски инструктори“ од САД и Велика Британија кои биле дел од “Нацистичкиот баталјон Азов“. На овој наратив му беше даден и локален контекст преку тврдењата дека овие настани се слични со оние во Арачиново во 2001, од времето на конфликтот во Северна Македонија.
Реакциите од одбиениот прелет на рускиот министер за надворешни работи Лавров кон Србија имаа најголем опсег. Во врска со овој настан, Потпретседателот на Федералниот совет на Русија Косачев и Лавров дадоа слични изјави. Косачев тврдеше дека со влезот во НАТО, Бугарија, Црна Гора и Северна Македонија го изгубиле својот суверенитет и дека оваа “директна интервенција“ на НАТО во билатералните односи помеѓу Русија и Србија бил обид да се “сови и потчини Европа“. Лавров тврдеше дека на НАТО му се потребни Црна Гора и Северна Македонија како членки и база за анти-руски политики. Српскиот Претседател Вучиќ го обвини западот дека во неколку наврати побарал од Србија да го одбие гостомпримството на рускиот Министер за надворешни работи и изјави дека Западот неможе да и направи ништо на Русија па ја малтретира Србија. Ова претставува суптилна поддршка и величење на Русија и нејзината наводна воена супериорност од една страна, додека ја претставува Србија како жртва од друга страна.
Од другите наративи, Масакарот во Буча е инсцениран содржи неколку изјави на Лавров и портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, но и на белорускиот Претседател Лукашенко, како обид да се негира дека масакарот се случил, и покрај фактот дека овој настан беше верификуван од незаивисни извори и други кребибилни медиуми.
Наративот за неутралност беше присутен уште од почетокот на агресијата и најмногу беше промовиран од страна на Србија и нејзините официјални лица. Во рамките на мониторинг периодот, овој наратив беше нотиран во статии кои пренесуваа пораки дека Воената помош за Украина ќе ги наруши односите на Северна Македонија со Русија, како и преку пораките дека Србија треба да остане неутрална. Обете пораки се дел од напорите на про-руската партија Левица да го провира концептот на неутралност во Севрна Македонија, кој во контекст на овој регион претставува еден од стратешките интереси на Русија.
Руското оправдување на агресијата
Вкупно 196 статии и/или содржини на Фејсбук кои не се поврзани со статии беа анализирани во рамките на оваа тема. Статиите беа објавени од страна на 57 портали и споделени и маплифицирани преку 505 објави на 184 Фејсбук страници и групи со вкупно 14.249.273 следбеници достигнувајќи 178.833 интеракции на Фејсбук.
Случаи од Војната во Југославија беа употребени да се оправда агресијата. Во случајот на Југославија, Западот беше обвинет за двојни стандарди, додека во случајот на Косово, западот беше обвинет за вклученост во наводна трговија со човечки органи, шверц на оружје и користење на осиромашен ураниум во 1990-те. Ова се рециклирани наративи кои се користени од страна на Марија Захарова и со него се поттикнуваат поделби во етнички хетерогениот Балкан. Во друг случај, рускиот Претседател Путин ги повлече знак на равенство помеѓу независноста на Косово и прогласената независност на Доњецк и Луганск.
Во рамките на оваа тема наративот Литванија ја ескалира војната беше најзастапениот во поглед на опсег и број на интеракции. Иако санкциите против Русија беа воведени уште од почетокот на март 2022, самиот факт што истите важат и за руската енклава Калининград беше изговор за разни неоправдани закани испратени од страна на руски официјални лица, кои во исто време го обвинуваа западот.
Како што беше употребуван во претходниот период но и пред и за време на почетокот на агресијата, наративот Нацизам во Украина беше интензивиран во текот на мај, со цел да се воспостави релација која ќе резонира со прославата на 9 мај – Денот на победата, пренесувајќи порака дека Русија се бореше и го порази нацизмот во втората Светска војна, па и сега повторно се бори против тоа. Во рамките на овој наратив, имаше пораки дека САД ги обучуваат Украиниците во бившите нацистички воени бази на Вермахтот; дека воените заробеници од Азов имаат тетоважи со нацистички симболи, како и дека Украинците се соработници на фашистите од Втората Светска војна; па се до тоа дека Руски хакери наводно идентификувале нео-нацисти во Украина.
Други наративи како обид за оправдување на агресијата беа Западот е против православието, НАТО и САД се вклучени во активности за подготовка на биолошко оружје на територијата на Украина, па се до кулминацијата дека Западот ја присили Русија да ја нападне Украина.
Случаи од Војната во Југославија беа употребени да се оправда агресијата. Во случајот на Југославија, Западот беше обвинет за двојни стандарди, додека во случајот на Косово, западот беше обвинет за вклученост во наводна трговија со човечки органи, шверц на оружје и користење на осиромашен ураниум во 1990-те. Ова се рециклирани наративи кои се користени од страна на Марија Захарова и со него се поттикнуваат поделби во етнички хетерогениот Балкан. Во друг случај, рускиот Претседател Путин ги повлече знак на равенство помеќу независноста на Косово и прогласената независност на Доњецк и Луганск.
Закани од Русија
Во рамките на оваа тема вкупно 143 статии и/или содржини на Фејсбук кои не се поврзани со статии беа анализирани. Овие статии беа објавени од страна на 59 портали, споделени и амплифицирани преку 314 постови на 139 Фејсбук страници и групи со 7.047.245 следбеници поттикнувајќи 43.882 интеракции.
Покрај Северна Македонија, закани кон други држави исто така се пренесуваа и од разни руски официјални лица. Рускиот Претседател Путин ја спореди агресијата со походот на Александар Велики, заканувајќи се дека ќе го вратат се она што било Руско. Ова претставува промоција на империјализмот на (царска) Русија и директна закана кон земјите од источна Европа и Балтикот. Во друг случаи пак, закани се упатуваа кон Полска, Велика Британија, во форма на потенцијален нуклеарен конфликт кој ќе го уништи светот.
Говорот на рускиот Амбасадор во Северна Македонија Баздникин по повод празнувањето на Денот на Русија ( 9 јуни) беше настан кој на социјалните мрежи предизвика далеку најголем број на интеракции. Меѓу пораките (наративите) за пријателските односи помеѓу Македонците и Русите, потенцирајќи го заедничко словенско и православно потекло, Баздникин исто така изјави дека Русија го нотира (бележи) секој акт на непријателска активност кон Русија во оваа држава. Ова претставува јасна закана за Северна Македонија и нејзините граѓани кон нивните ставови во врска со не оправданата руска агресија врз Украина – кој претставува продолжување на начинот на кој Руската Амбасада се обраќа кон јавноста од почетокот на агресијата, при што во јавните настапи испраќа пораки со заканувачки тон.
Покрај Северна Македонија, закани кон други држави исто така се пренесуваа и од разни руски официјални лица. Рускиот Претседател Путин ја спореди агресијата со походот на Александар Велики, заканувајќи се дека ќе го вратат се она што било Руско. Ова претставува промоција на империјализмот на (царска) Русија и директна закана кон земјите од источна Европа и Балтикот. Во друг случаи пак, закани се упатуваа кон Полска, Велика Британија, во форма на потенцијален нуклеарен конфликт кој ќе го уништи светот.
Анти-западни наративи
Во рамките на оваа тема, вкупно 51 статија и/или содржини на Фејсбук кои не се поврзани со статии беа анализирани. Статиите се објавени од страна на 40 портали, а заедно со останата Фејсбук содржина (постови кои не се поврзани со статии) понатака се споделени и амплифицирани преку 139 објави на 113 Фејбук страници и групи со 5.990.040 следбеници предизвикувајќи 12.662 интеракции.
Друг наратив беше промовиран преку пренесување на изјава од страна на хрватскиот Претседател Милановиќ дека Хрватска треба да го блокира приемот на Финска во НАТО, додека изборниот закон во Босна и Херцеговина не биде променет, имплицирајќи дека БиХ треба да влезе во ЕУ додека Србија и Турција не треба.
Најдоминантен наратив на оваа тема беше Србите не бараат ништо од Македонците – само да бидат пријатели и браќа, промовиран од страна на српскиот Претседател Вучиќ, кој го критикуваше Западот дека имал барања кон Северна Македонија, додека спротивно, Србите се единствените кои не барале ништо од Северна Македонија и дека само сакаат да бидат пријатели и браќа. Кога овој наратив ќе се погледни низ призмата на моменталните случување и целокупниот социјален контекст ова имплицира дека сите останати соседи вклучително и ЕУ се против Северна Македонија, додека Србија е единствениот сојузник.
Друг наратив беше промовиран преку пренесување на изјава од страна на хрватскиот Претседател Милановиќ дека Хрватска треба да го блокира приемот на Финска во НАТО, додека изборниот закон во Босна и Херцеговина не биде променет, имплицирајќи дека БиХ треба да влезе во ЕУ додека Србија и Турција не треба.
Глорификација на Русија
Во рамките на оваа тема, вкупно 91 статија и/или содржини на Фејсбук кои не се поврзани со статии беа анализирани. Статиите беа објавени од 42 портали споделени и амплфицирани преку 237 постови на 113 Фејбук страници и групи со 6.609.819 следбеници предизвикувајќи 30.478 интеракции.
Третата група на статии ја глорифицираат илибералната демократија и авторитарните режими. Тука, статиите се однесуваат на пренесување на изјави на лидерот на Северна Кореа Ким Јонг Ун преку величење на неговиот начин на владеење. Во друг случај, порталите во Северна Македонија побрзаа да го споредат српскиот претседател Вучиќ со Путин, откако во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан, тој изјави дека времето кога некој може да се заканува и да врши притисок над слободни и независни држави е одамна поминато. Во рамките на оваа тема, чеченскиот диктатор Кадиров беше масовно покриен најмногу со неговите изјави за Мариупол.
Статиите може да се класифицираат во три групи: (1) статии за воена суперионост на Русија (2) статии кои ја глорифицираат Русија (3) статии кои промовираат илиберална демократија и авторитарни режими.
Во првата група статиите се стремат да ги промовираат различни оружја која Русија наводно успешно ги тестирала и кои ќе бидат употребувани во војната.
Во втората група статиите говорат за руската надмоќ во генерална смисла, преку пораките дека Санкциите му штетат на Западот повеќе отколку на Русија, дека НАТО не е способен да ја сопре Русија кулминирајќи со тоа дека Русија е неуништива.
Третата група на статии ја глорифицираат илибералната демократија и авторианите режими. Тука, статиите се однесуваат на пренесување на изјави на лидерот на Северна Кореа Ким Јонг Ун преку величење на неговиот начин на владеење. Во друг случај, порталите во Северна Македонија побрзаа да го спредат српскиот претседател Вучиќ со Путин, откако во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан, тој изјави дека времето кога некој може да се заканува и да врши притисок над слободни и независни држави е одамна поминато. Во рамките на оваа тема, чеченскиот диктатор Кадиров беше масовно покриен најмногу со неговите изјави за Мариупол.
Статистики
ТОП 3 стории според бројот на статии, опсег и интеракции
ТОП 10 портали според бројот на статии и ТОП 10 Фејбук страници/групи според бројот на постови
Топ 10 портали (9.3% од вкупниот број на портали) објавиле 38.1% од вкупниот број на статии (245 од 643).
ТОП 11 Фејбсук страни/групи (3.6% од вкупниот број во извештајот) објавиле/постирале 23.4% (368 од 1.527 постови).
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО