ОПИС

Оргинален наслов: Катица Јанева го обвини тимот на СЈО дека се занимава со висока корупција (ВИДЕО)
Речиси една недела по депонирање на својата оставка, специјалната јавна обвинителка Катица Јанеца излезе во јавност со изјава поврзана со случајот на Основното Јавно Обвинителство “Рекет”. Во еден дел од својата изјава Катица Јанева кажа дека “Повикот да се биде дел од високо професионален тим кој се занимава со висока корупцијае во која се инволвирани највисоки државни функционери е сериозна чест и многу голема одговорност”. Овој лапсус од нејзина страна претставуваше доволна причина порталот Експрес да објави текст кој има клик бејт наслов во кој се наведува дека Јанева го обвинува тимот на СЈО дека се занимава со висока корупција.

Линк до оргиналната статија: Ekspres.mk

ФАКТ/И

За разлика од насловот кој не е во прашална форма туку е во форма на констатација, во продолжение на текстот се поставува прашањето дали станува за подсвесно дадена изјава или пак за обичен гаф. Очигледно e дека намерата на Катица Јанева беше да истакне дека и претставувало голема чест тоа што токму таа била избрана за прв човек на СЈО. Ненамерна грешка или лапсус е тоа што Јанева не кажува дека високиот професионален тим се занимава со ГОНЕЊЕ на висока корупција во која се инволвирани највисоки државни функционери.

Авторот на текстот пишува дека доколку станува збор за признание од страна на Јанева тогаш ОЈО треба да реагира по допрен глас, а пак доколку станувало збор за гаф тогаш СЈО треба да изреагира и да објасни што сакала да каже Јанева.

Со самото тоа што пред насловот не стои “Признание или гаф” читателите, а особено оние кои што ќе го прочитаат само насловот ќе помислат дека тоа е така, иако и самиот автор не е сигурен. Му препорачуваме на авторот на текстот ако не е сигурен во тоа што сакала Катица Јанева да каже да не пишува за истото и истовремено да не манипулира со јавноста.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.