Ширењето паника е една од најчестите алатки кои што пропагандистите или производителите на лажни вести ги користат за да пробијат до масата. Најлесен начин е преку вести за наводно масовно загрозување на животот и здравјето на граѓаните „од кој никој нема да има спас“. Со појавата на корона вирусот, теренот за создавање паника и страв кај граѓаните е многу чист бидејќи граѓаните од големиот наплив на текстови на портали и на социјални мрежи, веќе и не може да направат разлика која е вистината, а која е лагата, што патем е предизвик и за самите новинари.Изминатите денови се прошири вест дека заразената докторка од Кожна Клиника била на свадба кај генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски. Веста за краток временски период беше доста раширена, и веќе се створи слика дека сега веќе поранешната директорка на Клиниката била во контакт со уште поголем број на луѓе од тие над 200 за кои што министерот за здравство веќе известуваше. Иако Николовски објави демант и негираше дека докторката била на неговата свадба, штетата веќе беше направена.Се користеа фотографии со цел да се создаде слика дека на нив е и докторката. На ниту една фотографија не можеше да се види докторката. Ако се погледнат фотографиите од свадбата, па дури и детално да се анализираат докторката нема да може да се пронајде.Најмногу објавувана и реобјавувана фотографија е овој мозаик од фотографии од свадбата на којшто е додадена и фотографијата од докторката на своето работно место. Очигледно е дека докторката Нина Цаца Билјановска ја нема на ниту една фотографија од свадбената прослава.Се почна од една вест која што ја објави Тв21, непотврдена информација која што про опозициските медиуми ја искористија за да се прошири насекаде. Истата веќе е избришана од страна на порталот Тв21. Веста е корегирана веднаш но штетата веќе беше направена.Медиумите како Доказ.мк, Курир.мк, Нетпрес.мк, Скопјеинфо.мк, Лидер.мк, Пулс24.мк, News33.tv ја ширеа дезинформацијата на своите портали повикувајќи се на веста на Тв21, и додаваа лажни фотографии за наводно присуство на докторката на свадбата.Ниту поблиското семејство на докторката Нина Цаца Билјановска не беше поштедено. На порталот Магазин.мк беше објавена фотографија од нејзината сестра, судијката Маргарита Цаца Николовска, познат критичар на власта во периодот кога Република Северна Македонија се сметаше за заробена држава.Се објави и текст од страна на порталот Нетпрес.мк во кој што се наведува дека докторката била „миленичка“ на министерот за здравство, повикувајќи се на видео кое што го објавил Филипче, а во кое што таа била претставена како добар пример на лекар во јавното здравство.Во продолжение Ви прикажуваме и сликовит приказ за тоа како дезинформацијата беше споделувана на Фејсбук. Дезинформацијата објавена на овие 7 портали е споделена на 25 фејсбук страни и согласно нивниот број на следбеници, истата стигнала до вкупен максимален број од 1.736.558 потенцијални следбеници. Опсегот, односно параметрите на дејствување на веста се движат од 34.731 до 112.876 од вкупниот број на следбеници.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО