Во само еден ден лажната вест за апсењето на професор од Харвард кој е наводно обвинет за тоа дека го создал, а потоа и го продал коронавирусот на Кина, молскавично се прошири од Индија, преку САД до Балканот.

Видеото со текст е сосема спротивно од самата содржина која може да се види на наведениот линк и наслов кој упатува на тоа дека професорот по нанотехнологија  за кој станува збор е уапсен поради тоа “што го создал” и “го продал” коронавирусот на кинеските власти.

Оваа маанипулација се појавува на социјалната мрежа Фејсбук рано изутрина по наше време на 5 април на профил како оној на Alex Alvarez кој е сега блокиран од страна на администрацијата на ФБ. Алварез на 5 април постирајќи го горенаведеното видео пишува пост:

САД само што го откриле човекот кој го произведувал и го продал # коронавирусот на Кина (#China). Др.Чарлс Либер (#CharlesLieber), раководител на одделот за хемија и биологија на ХарвардУниверзитет (#HarvardUniversity), САД. Тој беше  уапсен денес според извори од ФБИ” се вели во првиот објавен пост.

Брзо потоа го преземаат многу други корисници на ФБ, но и на Твитер, а истиот ден пристигнува и станува вирален насекаде низ Балканот, посебен таргет се Србија, Северна Македонија и Црна Гора.

 

За што навистина станува збор?

Точно е дека професорот од Универзитетот Харвард во САД, Чарлс Либер е уапсен. Тоа се случило кон крајот на јануари под обвинение за давање лажна изјава во врска со средства кој ги добил од Кина. Според амерниканското министерство за правда професорот Либер бил ангажиран како лидер на истражувачки тим на Харвард кој требало да реализира истражувачки проект од областа на нанотехнологијата со средства во висина од 15 милиони долари.  Средствата за овој истражувачки тим им ги исплатиле Националниот иниститут за здравство и Министерството за одбрана врз база на склучен договор.

Согласно договорoт кој бил склучен со професорот како тим лидер, тој и било кој од членовите на истражувачкиот тим за време на реализацијата на договорениот проект не смееле да вршат слична работа поради конфлит на интереси. И покрај ваквата забрана која сам јa потпишал, професорот како соработник на универзитетот во Вухан, НР Кина, бил ангажирал професионалано и од страна на кинеските власти добил значителна сума на пари која се обидел да ја прикрие. Во изјавата која ја дал тој не го спомнал својот ангажман за Вуханскиот Универзитет и парите кои ги добил од таму поради што бил приведен на 28 јануари. Оваа вест во нејзината вистинска верзија ја пренеле тогаш поголем број на медиумите во САД.

Сепак релацијата на професорот од Харвард како американец со Кина и осебно Вухан каде што изби падемијата со коронавирусот беше одлично тло за креирање на манипулација која ќе ги освои социјалните мрежи во само 24 часа.

 

Како се ширеше оваа лажна вест?

Низ регионот она што е вирално по социјалните мрежи во светот брзо станува медиумски наслов откако на своите веб-страници ќе го пренесат портaли како vidovdan.rs или ноторниот таблоид informer.rs и многу други од тој профил препознатливи по својата проруска и националистичка содржина.

Скоро во исто време веста осамнува и меѓу насловите објавени на 5 април во Северна Македонија. Први кај нас кои веста ја  преземаат од српскиот  Информер е порталот Аktuelno24.com.mk  Потоа во речиси еден час лагата се шири насекаде преку добро познати веб портали по објава на лажни и манипулативни вести. После објавата на  Актуелно.24 следуваше објава на Тhink.mk . Следаa vecer.mkvesnik.cominfomax.mkzase.mkmarkukule.mk , press24.mk (кој ја избриша оваа вест) index24.mk и reporter.mk . Вкупно се регистрирани 11 објави кај нас што овозможи веста да се појави на агрегаторите како Грид и Тајм.

Повеќето од овие портали кои ја пренесоа оваа дезинформација своите објави ги дистрибуираат преку социјалната мрежа Фејсбук. Подолу е прегледот на бројот на фб страни и групи кои ја споделиле оваа дезинформација како и вкупниот број на постови на овие фб страни и групи.

Најмногу споделувања оваа вест има од ФБ страницата на infomax.mk.

Табелата подолу е листа на топ 10те ФБ страници со најголем број следачи од вкупно 29те кои ја објавиле веста. Вкупниот број на следачи на овие 29 фб страници изнесува 1,806,587.

Покрај објавата на ФБ страниците на наведените портали веста се споделува и на ФБ групи како “Здраво Македонијо” каде што лажната вест е петпати постирана, потоа групата “Политички Постови Република Македонија” која го споделува постот 3 пати и групата  “iNFOMAX News Macedonia” која лажната вест ја споделува 2 пати.

Лажната вест за апсење на професор од Харвард најмногу интеракции има на ФБ профилот на aktuelno24.com.mk (8.556), потоа на think.mk (2.422), infomax.mk (898), vecer,mk (586), vesnik.com (196), zase.mk (100). Вкупно на ФБ страниците на овие портали се регистрирани 12.797 интеракции.

Сите споменати портали се веќе познати за дел од јавноста како генаретори на лажни вести.

 

NOVATV & F2N2

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.