Одредени медиуми на 12-ти август објавија дека „Шведска го одбило барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година“ којшто беше уапсен во Шведска во Април годинава по потерница на Интерпол. Текстовите кои што беа унифицирани, и кои што го цитираа весникот „Вечер“, пишуваа дека Давидовски нема да се екстрадира бидејќи шведскиот суд мисли дека тој е политички прогонет и во Северна Македонија нема да му се овозможи фер судење.
Оваа вест е потполно лажна, а за тоа постои потврда од самиот шведски амбасадор. Тој во изјава за порталот „Цивил Медиа“, потврдил дека шведските власти сеуште не одлучиле по барањето на македонските власти за екстрадицијата, и дека дотогаш, Давидовски ќе остане во притвор.
Ја отфрла и информацијата дека шведските власти дале мислење дека во Северна Македонија нема да му се овозможи фер судење бидејќи такво мислење судовите во Шведска не даваат во оваа фаза.
„Постои решение од Окружниот суд да го задржи Дејан Давидовски во притвор сè додека не се донесе одлука за екстрадиција. Нема ништо во оваа одлука од Окружниот суд што се однесува на барање азил. Би било многу чудно ако некој од Окружниот суд даде коментар на било кој што аплицирал за азил“, изјавил амбасадорт на Шведска во Северна Македонија за „Цивил Медиа“,Матс Стафансон.
Оваа вест е видливо дека е лажна, и има за цел кревање на адреналинот кај граѓаните кои што сеуште сметаат дека упадот во Собранието на 27 април бил легитимен и „за одбрана на татковината“.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО