Тимот на F2N2, одлучи да направи кратка анализа во која се покажува патот на една лажна вест и колку далеку може да пропатува, особено ако изворот на таа лажна вест е официјално лице. Воедно и да се прикаже леснотијата со која медиумите ја пренесуваат, без притоа да направат и најмало истражување со која би се потврдила/демантирала пренесената вест.Имено на 18 Јуни 2019, пратеникот Милошоски напиша твит со кој покажа колку малку е потребно за да се разбранува македонската јавност. На самиот твит од Милошоски има 41 ретвити и 81 лајкови (допаѓања), но поголема штета настанува во моментот кога медиумите започнуваат со пренесување на веста.Порталот vecer.mk прв го пренесе овoj пост, а потоа и уште 32 портали.Веста дека 7 ЕУ членки гласале против почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, стигна до многу поголем број на читатели. Во продолжение можете да уверите како лажна вест од социјалните мрежи преку порталите се врати на социјалните мрежи но во поголеми размери.
КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
Портал кој има најмногу споделувања на социјалните мрежиПри анализата е утврдено дека markukule.mk е порталот од кој оваа вест е најмногу споделувана, и тоа на 15 фејсбук групи, со вкупно 856 871 следбеници . Веста стигнала до потенцијални 17 137 до 55 696 следбеници/корисници на социјални мрежи. (Ве молиме погледнете ја забелешката на крајот од текстот за алгоритамот на Фејсбук за пресметка на опсегот)КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
Портал со најголем можен опсег на читатели според бројот на следбеници на фејсбук страните на кои е споделена оваа вестВо оваа категорија kurir.mk е порталот кој е на првото место по вкупен број на следбеници на фејсбук страните на кои е споделена оваа вест – 1 086 688. Веста стигнала до потенцијални 21 733 до 70 634 следбеници / корисници на социјалните мрежи. (Ве молиме погледнете ја забелешката на крајот од текстот за алгоритамот на Фејсбук за пресметка на опсегот)КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
Симтоматично за kurir.mk e тоа што споделувањето на оваа вест е оркестрирано/автоматизирано, односно споделена е на 7 фејсбук групи во исто време на 19 Јуни во 9:58 часот.КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
Портал со најголем број на интеракции од споделувања на социјални мрежиВеста најмогу интеракции предизвика со објавата од порталот infomax.mk. Иако е споделена само на фејсбук/твитер профилите на Инфомакс има 186 интеракции, вкупниот бројот на следбеници на фејсбук/твитер профили на инфомакс е 116 028, а со тоа оваа вест стигнала до бројка од 2 320 до 7 541 корисници. (Ве молиме погледнете ја забелешката на крајот од текстот за алгоритамот на Фејсбук за пресметка на опсегот)КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
Профилот / личноста која е извор на оваа дезинформација има 7803 следбеници и 130 интеракции на твитот. Тоа значи дека овој твит сам по себе има ограничен опсег и останува во рамките на твитер заедницата.Правењето на вест од ваква непроверена информација (лажна вест) и објавувањето на истата на овие 33 портали и споделувањето на 51 фејсбук групи, прави максимален потенцијален опсег од 4 065 460 следбеници, односно според подолу објаснетиот алгоритам од 81 309 до 264 254 корисници до кои стигнала оваа лажна вест. Големиот број на интеракции односно 1103 интеракции, ја прават бројката од 81 309 корисници минимум до кои е стигната оваа вест. (КЛИКНЕТЕ НА ДИЈАГРАМОТ ЗА ПОДОБАР ПРИКАЗ)КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
Забелешка: Алгоритамот на Фејсбук односно истражувањата поврзани со Опсегот (Organic reach) покажуваат проценти од 2% (за групи поголеми од 500.000 следбеници до 6.5% за групи со помалку од 500.000 следбеници). За потребите на оваа анализа земен е опсегот од 2% до 6.5%. Со оглед на популарноста на Фејсбук во Република Северна Македонија како и бројот на профили регистрирани на оваа Социјална мрежа, може да се потврди дека горенаведениот процент е многу поблизок до 6.5% отколку до минимумот од 2%.
За утврдувањето на опсегот е користена алатката CrowdTangle.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО