ОПИС

На социјалните мрежи и на порталите се појавија наводни резултати од гласањето на лицата во домашен карантин и самоизолација поради КОВИД-19 кое се спроведе на 13 јули, како и од гласањето на болните и немоќни лица кое се спроведе денес, 14 јули.

ФАКТ/И

Се работи за лажна вест. Согласно Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година, гласањето на лицата во домашен карантин и самоизолација поради КОВИД-19 се спроведува на ист начин како и гласањето на болните и немоќни лица. Тоа значи дека гласачот го превиткува гласачкото ливче и така превиткано го става во плик кој се залепува и се става во гласачката кутија. На денот на изборите, пред започнувањето на гласањето, пликовите се отвораат, и без да види за кого е гласано гласачките ливчиња се пуштаат во гласачката кутија. По завршувањето на гласањето, овие ливчиња се измешани со гласачките ливчиња од денот на изборите и се бројат заедно. Оттаму, невозможно е некој да ги знае резултатите од гласањето на овие лица.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.