ОПИС

Оригинален наслов: „ШВЕЦКИ“ избори и во Ново Село: Лицa во цpн џип се шeтаат по општината и делат пари на гласачи, се coмнeвaaт жителите на Ново Село

Написот е дел од серијалот лажни вести за изборни измами во вториот круг на претседателските избори. Во текстот пишува дека до тогаш непознато возило во општината, црн џип, се возел од едно до друго избирачко место и „најверојатно дели пари на гласачи и ги убедува да гласаат за еден кандидат“.

Оригинална статија

Архивирана статија

ФАКТ/И

Текстот е без потпис, а се повикува на наводни информации што на редакцијата им ги испратиле жители на општината Ново Село. Не е поткрепен со ниту една изјава или факт, доказ, а насловот воопшто не одговара со содржината што е понудена под него. Самото присуство на возилото што наводно оди по избирачките места воопшто не значи дека неговата мисија е да дели пари како поткуп да се гласа за одреден кандидат. За ваков инцидент не извести ниту една од домашните или странски набљудувачки мисии. Дополнително, единствениот Приговор за гласањето на ИМ 1789 во оваа општина беше одбиен од страна на Државната Изборна Комисија.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.